Dragi.lit.jpg

17 јули 2009 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски, Скопје

Dragi.lit.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 55)

Рече Господ во приказна: „Царството небесно прилега уште и на драгоценост, сокриена во нива, која ја нашол човек и прикрил, па, од радост за неа, отишол и продал сè што имал, и ја купил таа нива. Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери; па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сè што има и го купува. Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби: и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат. Така ќе биде и при свршетокот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните, и ќе ги фрлат во вжарена печка: таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ И ги праша Исус: „Дали го разбравте сево ова?“ Тие Му одговорија: „Да Господи!“ А Он им рече: „3атоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште ново и старо.“ И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму. А штом дојде во Својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни.

Dragi.lit.jpg

 Во шестата   недела по Педесетницана, на  денот кога Светата Црква го слави споменот на свети Андреј, архиепископ Критски и света Марта , во Соборниот храм на св. Климент Охридски , во Скопје ,  отец Драги   отслужи Божествена Литургија. На Литругијата  верниот   народ се причести со Светите Христови Тајни.

Dragi.lit.jpg

Dragi.lit.jpg

Dragi.lit.jpg

Dragi.lit.jpg

 Dragi.lit.jpg

 Dragi.lit.jpg

Dragi.lit.jpg

Посети: {moshits}