ka.jpg 

Грижата, којашто Црквата ја пројавува за чистотата на облеката на твојата душа, може да се спореди со твојата грижа за чистотата на облеката за твоето тело. Ако би ти се случило да паднеш во кал, зарем не би побрзал да ја испереш својата облека? Така, ако паднеш во тежок грев, колку поскоро ја очистиш совеста своја со покајание, толку подобро: Црквата е подготвена да те прифати во секое време. 

ka1.jpg 

ka3.jpg

Во видливиот временски свет, во кој живее човекот, нема ништо неподвижно, туку сè се движи и заминува. И животот човеков протекува и заминува. Човекот понекогаш го одмора телото, но неговите скриени помисли и тајни желби се во постојано движење. Ако човекот не оди по патот на спасението, тогаш оди по патот на погибел, и паѓа – се струполува од духовен живот во плотски живот, од човечки живот – во живот скотски.

ka13.jpg

Ако искрено сакаш да ја спознаеш волјата Божја, постои и за тебе еден ангел кој е подготвен да ти ја открие. Тој ангел е твојата совест. Внимавај на твојата совест, не придушувај го нејзиниот глас со бучавата на твоите страсти – и ќе ти се открие волјата Божја, и ќе стапнеш на патот на послушанието. 

ka13.jpg

ka5.jpg

ka3.jpg

ka8.jpg

ka12.jpg

Светот ја смета забавата за речиси иста таква потреба во животот, како што се работа, храна и одмор. Светот сака да живее играјќи. Но, не: животот не е игра, туку важна работа. Земниот живот му е даден на човекот за да преку него, со посредство на слободната волја и со силата на Божјата благодат, го стекне вечното блаженство. Кој ја разбрал оваа животна активност и се зафатил со неа како што треба, едвам дека ќе најде време за игра и забава.

Посети: {moshits}