28 август 2009 год- храм Успение на Пресвета Богородица
Тропар, глас1.
Во раѓањето си го зачувала девството, а во успението не си го оставила светот, Богородице. Си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.
Кондак, глас 2.
Во молитвите неуморната Богородица и сигурна надеж во посредувањето, гробот и смртта не ја задржаа, бидејќи, како Мајка на Животот, кон живот ја пресели Оној што се всели во нејзитата вечно девствена утроба.
Денес, кога Светата Црква го слави споменот на Успение на Пресвета Богородица, протоереј-ставрофор Ацо Гиревски, во сослужение на свештенството на храмот Раѓање на Пресвета Богородица отслужи Божествена Литургија.На Светата Литургија многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На собраниот верен народ отец Ацо им се обрати и со празнична беседа.
Беседа :
(Произнесена на праникот на Ѕспение на Пресвета Богородица, во храмот посветен ан Рождеството на Пресвета БОгородица)
Денес, нашата света православна Црква одбележува многу голем ден, којшто е посветен на празникот Успение на Пресвета Богородица.
Човекољубивиот и Многумилостив Господ Бог наш, сакајќи да го ослободи човечкиот род од прародителскиот смртен грев, многупати му се јавуваше во Стариот завет на Својот избран народ, Израилот, ветувајќи дека ќе му испрати Спасител, и тоа од неговиот род, но доколку се држи според Законот Божји и ги исполнува заповедите Негови.
И навистина, така и направи. Пред двеилјади години на побожните родители Јоаким и Ана им подари чедо, која ја нарекоа Марија, бидејќи со солзи беше измолена од Бога. А таа девојка подоцна стана Мајка, на нашиот Господ Бог Исус Христос, Кој дојде на земјава како Син Божји, но во облик човечки, а не само како Бог, за луѓето полесно ги прифатат и исполнат Неговите заповеди и на тој начин да се спасуваат.
И така Божјиот завет се исполни преку пророштвото, бидејќи преку Пречистата Дева Марија Го испрати Спасителот на светот од лозата Давидова.
Определена за таа величествена служба од Севишниот уште од порано, таа така стана посредничка за помирување со Бога и за преоѓање од смрт во живот вечен. Па поради сето тоа таа стана најпочитуваната жена низ сите векови и по целата Селена. (Повеќе...)
Посети:{moshits}