Dositej.Pokrov1.jpg

Иако со болка во срцето, заради големото искушение, не престануваат торжествените богослужби во домот на големиот Победоносец  - Георгиј, во Рајчица.  Со голема љубов и почит сестрите се потрудија што помолитвено да го прослават споменот на својот патрон на параклисот, славниот Јован Кукузел, упатувајќи ги кон него своите молитвени воздишки и смилостувајќи го  да се застапи пред  нашиот Господ за Бигорското братство, да го утеши во страдањата и да му даде сили за новите подвизи што се јавуваат пред нив. А, Пресветата наша Владичица, Богородица, како нежна мајка, ги закрили со својот покров и ја излеа на нив својата божествена утеха, исполнувајки ги нивните срца со силна благодат. Благодарни за Нејзините неизмерни дарови, сестрите   ги лееа од своите души похвалните стихири кон Пречистата Богомајка, со цврста увереност дека нема да го остави нашиот народ во овие моменти на испитување и тешки премрежија и ќе не закрилува до крај, се додека не не осветли небесната радост на Воскресението.

   Dositej.Pokrov.jpg

   Dositej.Pokrov1.jpg

Dositej.Pokrov1.jpg

  Dositej.Pokrov.jpg

Dositej.Pokrov.jpg

Известуваат: сестрите од манастирот во Рајчица

Друго:

Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:

денарска жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител

500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола

 девизна жиро-сметка:

МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22

Телефони за донација:
070 / 075 / 077  143 444