Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

Излезе од печат новиот број од списанието „Православна Светлина“ .

И во овој број, во списанието се обработени теми  од учењето на нашата Мајка Црква , со цел да ги спознаеме позитивните моменти од нив и да се обидеме да ги примениме во нашиот живот, а со цел уште повеќе да ја зацврстиме нашата заедница со Бога и меѓу нас самите, да ги спознаеме и примиме Божјите добрини и убавини, за полесно да го пронајдеме своето смирение и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера.


Новиот број на „Православна Светлина“  содржи 56 страни, во кои се обработени вкупно  16 теми.

Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg

 

Примерокот е бесплатен, а може да се најде во седиштата на Архиерејските намесништва на Повардарската епархија во градовите:

Велес - Соборен храм „Св. вмч. Пантелејмон“, „Успение на Пресвета Богородица“, „Св. Спас“ ;

Кавадарци - Соборен храм „Св. Димитрија“

Неготино - Соборен храм „Св. Атанасиј“

Гевгелија - Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“,

како и во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија

 Повеќе:

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=773&Itemid=32