логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Stefan.Petkovden.jpg

На 12 ноември 2009 година во салата на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа Архиепископски црковно-народен Собор (АЦНС). Овогодишниот Собор како главни теми ги имаше измените и дополнувањата на Уставот на МПЦ, а заради усогласување на истиот со позитивните закони во Република Македонија, како и резултатите од процесот за денационализација.

 Пред почетокот на  работниот дел,  беше  промовирано Светото Евангелие за богослужбена употреба, а промотивно слово одржа академик Петар Илиевски. 

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg     Stefan.Petkovden.jpg

Архиепископ Охридски и Македонски
                     г. г. Стефан


На еврејскиот празник Педесетница  , кога Евреите масовно го празнувале споменот од јавувањето на Бога на Синај, како роденден на еврејскиот народ, а по педесетиот ден од воскресението Христово, се случил уште еден настан: слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите, кој, пак, отпосле, меѓу христијаните почнал да се празнува како роденден на Светата Црква! Во Делата Апостолски (2/4), наоѓаме сведоштво дека собраните апостоли, откако го примиле Духот Свети, „почнале да говорат на различни јазици“. Ќе потсетам: Во тие денови, за време на празникот Педесетница, Ерусалим бил преполн со поклоници, дојдени од разни градови и земји. Меѓу нив имало и такви, кои ниту го говореле, ниту го разбирале еврејскиот јазик. Токму тие луѓе биле најмногу зачудени, слушајќи како Апостолите говорат и на нивниот мајчин јазик. А говореле оние апостоли, оние прости рибари, кои, освен арамејскиот, не познавале други јазици. Но Духот ги учел и што, и како да говорат (Мк. 13, 11; Лк. 21, 14-15; Мт. 10, 19-20). Тој настан во Ерусалим е спротивност со оној кога се помешале јазиците при градењето на Вавилонската кула (Пост. 11, 1-9). Јазикот, што тогаш Бог го разделил, сега, со благодатта на Светиот Дух, повторно се соединил во еден, во јазик што го разбирале сите.
Возљубени, јазикот навистина има чудесна моќ: и да поврзува и да разделува; да зближува и да оддалечува. Кога станува, пак, збор за библискиот и, ако сакаме, црковниот јазик, тогаш треба да се имаат предвид не само оние што говорат, туку и оние што слушаат; треба да се имаат предвид сите!
Јазикот, на кого и смртта и животот му се потчинети, според зборовите на мудриот Соломон (Изреки 18, 22), е дар од Бога. Тој дар - јазикот, разбирлив за секого преку благодатта на Светиот Дух (Дела 2, 4), му е даден на секој човек. Секој народ има свој јазик, а суштината на јазиците им е сеопшта (Тертулијан).
Но, ако некој најдобро ја разбрал смислата и улогата на јазикот, особено на оној мисионерскиот, апостолскиот, евангелскиот, тоа, секако е апостолот на народите – свети Павле. Тој им пишува на Коринтјаните дека в црква повеќе сака да каже пет разбирливи зборови, отколку илјадници зборови на неразбирлив – напознат јазик (сп. Кор. 14, 19). На Римјаните и Филипјаните пророчки им напишал дека секој јазик ќе Го исповеда Бога (Рим. 14, 11), односно секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ (Филип 2, 11). Овие, пак, Павлови препораки биле целосно разбрани и практикувани од големиот поборник за јазиците, нашиот свети Кирил Солунски. Да си спомнеме на зборовите од неговата апологија за јазикот, изречена во Венеција пред тријазичниците: Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? Сонцето не грее ли исто така за сите? Па, како ќе се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? Оттаму, разбирливо е, зошто свети Кирил, со брата си Методиј, во 862 или 863 година создале азбука и ги превеле најпотребните богослужбени книги на јазикот говорен во Солунско, на јазикот што во науката е нарекуван старословенски, а ќе речеме и старомакедонски. Токму преку употребата на јазиците на различните народи во богослужението, се потврдува дека христијанството не е против културите на другите народи (Маендорф).
Тој наш јазик, покрај еврејскиот, е единствениот меѓу сите други јазици, кој се удостоил првите зборови, напишани на него, да бидат сакрални, богослужбени, да бидат зборови со библиска содржина. А во јазикот, секогаш најважна е тајната на зборот - а тајната на зборот човечки е неодвоива од тајната на Словото Божјо. Затоа богослужбениот јазик секогаш е евангелски, псалтирски и молитвен, јазик вдахновен од Светиот Дух. Преку јазикот на богослужението и богомислието секогаш се осветува и просветува јазикот на секој народ, како што пишува светиот апостол Павле (I Тим. 4, 5)
И по две илјади години од Христовото време, и покрај тоа што Неговото Евангелие стигна до сите краеви на земјината топка, потребата од негово пренесување на разбирлив јазик и денес трае со несмален интензитет. Според податоците на Обединетото библиско здружение, денес повеќе од сто илјади луѓе се ангажирани во изработка на преводи на Светото Писмо, од кои околу три илјади работат на превод на Библијата на речиси осумстотини јазици, на кои говори околу 80 проценти од вкупното население во светот.
Во тие осумстотини јазици, на кои денес се преведува и издава Светото Писмо - Библијата, е и нашиот македонски јазик. Но, денес сме собрани, покрај за почетокот на овогодинешниот редовен Архиепископски црковно-народен собор и за промоција на второто поправено издание на богослужбеното Свето Евангелие, кое Светиот архиерејски синод го издава во чест на 40-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква.
Ќе потсетам: етимологијата на зборот Евангелие е добра, блага, односно радосна вест за спасението на човечкиот род. Исус Христос, Синот Божји, е центар на благовестието и Тој, односно Неговата личност и Евангелието не можат да бидат одвоени (Мк 8, 35; 10, 29). Светиот апостол Павле, кога говори дека го проповеда Евангелието Христово, тој мисли токму на оној збор на онаа содржина што ја проповедал и сведочел самиот Христос. Оваа света книга се користи во секојдневната богослужбена практика на Светата православна црква, освен во првите пет дена од Великиот пост и два дена од Сирната недела.
Заради целосната исцрпеност на првото издание и заради потребните јазични поправки во текстот, Светиот архиерејски синод формираше комисија која ги направи потребните корекции и, еве, пред нас имаме издание што заслужува особено внимание и од црковната и од пошироката јавност. Всушност, тоа е она Свето Евангелие издадено од Иницијативниот одбор за организирање на Православната црква во Македонија, во далечната 1952 година. Тоа е истото она Евангелие што се издавало и цитирало на наш народен јазик и во преродбенскиот период, тоа е истото она Евангелие што се издаваше со одобрением свјатија великија Христови Церкве восточнија и дозволением царскија ценсури во Русија, што се печатеше во различни времиња за потребите на Црквата од Солун до Скопје, од Софија до Белград, и дури до Киев, Петроград и понатаму: сите тие изданија беа рожби на она најпрво преведеното од Светите браќа на нашиот јазик, говорен во Солунско пред 1150 години.
Академикот Петар Илиевски учествувал во преводот и подготовката на изданието на Богослужбеното Евангелие од 1952 година. Денес ќе имаме можност и чест да го слушнеме неговото промотивно слово и за ова, но и да ги проследиме со интерес и внимание и неговите сеќавања за процесот на изработка на првото издание на истото Свето Евангелие.
Ви благодарам. 

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg


Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg 

Скопје, 12 ноември 2009 год.

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

« »

Православен календар

 

08/04/2025 - вторник


Велигденски пости;
(на масло)

Оддание на Благовештение; + собор н св.архангел Гаврил

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2025

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2025

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2025

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2025

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2025

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2025

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная