Тропар, глас 8.

Благодатта на твојата уста блесна како светлина на огнот и ја просветли вселената, и светот го научи богатството да не го бара во среброљубието, а ни ја покажа и возвишеноста на смирението. Но учејќи не со твоите зборови, оче Јоване Златоусти, моли Го Словото - Христа Бога, да ги спаси душите наши.

vozdvizenie.jpg

Свети Јован Златоуст    

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава.

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата  и  остави многу драгоцени книги со неговите беседи.

 Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

sv.Jov.Zlatoust.jpg

 Друго:

Св. Јован Златоуст - БОЖЈИОТ СТРАВ НИ ПОМАГА ДА НЕ ОТСТАПУВАМЕ ВО ДЕНОВИТЕ НА ТАГАТА

Св.Јован Златоуст - ПОЛЕЗНИ ПОТСЕТУВАЊА

 Св. Јован Златоуст - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД

Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ

 Св. Јован Златоуст - БОЖЈИОТ СТРАВ Е ГОЛЕМА ДОБРИНА

Св. Јован Златоуст - ЗА БОЖЈИОТ СТРАВ

Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ - ШТО ПОНАТАМУ?