
На денот на светиот великомаченик Димитриј Мироточив, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефанот во сослужение со Митрополитот г. Горазд отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата посветена на свети великомаченик Димитриј во Скопје.








Во својата беседа, потсетувајќи на житието на овој славен и чудотворен светител, Архиепископот меѓу другото напомна за големиот подвиг на кој заради верата како христијани сме повикани, да ги посетуваме богослужбите и со внимание да бдееме над сопстеното восовршување, тоа беа само дел од пораките на г.г. Стефан.

По молитвите на светиот великомаченик Димитриј, и на сите Светии, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нe!“
