логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Денес, кога се роди Христос, небото и земјата се соединија, денес Бог дојде на земјата, а човекот се искачи на небото; денес, невидливиот по природа, заради човекот станува видлив по тело. Затоа и ние, славејќи да Му запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, што го дарува Твоето пришествие, Спасителу наш, слава Ти.“

Во празничната зимска ноќ се излеваа радосно овие прекрасни стихови, додека бигорската света обител со големо торжество го славеше празникот на девственото рождество, давајќи им на големото мноштво верници кои од сите страни пристигнаа во манастирот, можност да прозрат во тајната на божественото воплотување, да го издигнат својот ум и да го просветлат со пресветлиот небесен сјај за да познаат како денес земјата станува едно со небото. А каква тајна е тоа! Ангел-Пратеник на предвечниот совет на Света Троица доаѓа на земјата. Но не некој обичен пратеник, туку самиот единороден Син Божји. Во овој свет продаден на гревот, се раѓа Безгрешниот, кон човекот што згреши, слегува неговиот Творец, повикувајќи го во Својата прегратка. Гледај какво чудо! Не ние што Го жалостиме Бога со своите безаконија Му пристапуваме, туку Тој, Смирениот, доаѓа кај нас. Доаѓа на сите да им даде прошка, вселувајќи го во нас мирот Божји и онаа иста радост што некогаш ја чувствувале мудреците, додека трепетно и со почит се поклонувале пред Богомладенецот.

А тој празничен восхит што блескаше на лицата на присутните, во себе криеше и нешто друго. Тука се преплетуваа и чувствата на голема благодарност кон нашиот Владика, премилостивиот Господ, бидејќи и после големото искушение, во кое монашкиот конак беше проголтан од оган, Бигорското светилиште не престана да биде нивен вистински топол дом и духовно засолниште од соблазните на овој свет, место каде ја почувствувале својата најголема радост, каде со нескриен занес многу пати упатувале искрени молитви и го славеле Бога на торжествените богослужби,  придружувајќи ги своите молитвени воздишки кон умилното пеење на бигорските браќа. Зашто токму таа срдечна љубов на браќата и ги привлекла овде, а благиот збор на игуменот продрел до нивните затворени срца и ги разбудил од сонот на гревот. И сега се радуваа гледајќи дека живиот дух на манастирот е сè уште тука, дека она што го прави ова светилиште толку посебно, не може да исчезне заедно со изгорениот конак, бидејќи манастирот не е само материјална градба. Зашто, најпосле, што вредат раскошните конаци и велелепни цркви, ако духовно не зборуваат, тие се мртви. А без своите монаси, секој манастир е само збир од празни згради, и служи како една обична туристичка атракција. Сите тие што во манастирот ја пронашле својата закрила, одамна го сфатиле ова и затоа не престануваат да доаѓаат и сега, задничарејќи со Бигорските браќа, на голема радост на игуменот, архимандрит Партениј. Каква разлика од оној прв Божиќ, пред 15 год, кога празниот манастир без своите верници беше навистина тажна глетка. Сега преполнетото светилиште одекнуваше од едногласните молитви и славословија на бројните верници и духовни чеда.

И повторно Бигорскиот храм ја наметна својата достоинствена празнична облека, исткаена со најнежен сплет од разнобојни цвеќиња, среде кои блескаше богато украсената пештера и благодатната икона 'Достојно ест", што од неодамна го збогати благолепието во храмот, но, секако, најубав украс беа живите храмови Божји – присутните монаси и верници, со своите озарени погледи и копнежливи срца, широко отворени и подготвени за како Витлеемската пештера да го примат Оној што доаѓа од висините, Предвечниот Бог. Тие побрзаа духовно да се очистат и заедно со мудреците и пастирите на Богомладенецот да Му принесат на дарови од своите духовни ризници. А човекољубивиот Спасител го награди нивниот духовен труд со силна благодат и небесна радост, правејќи ги причесници на радоста на небесните војски и духовите на праведниците, и удостојувајќи ги со Своите свети Тајни.

Христос се роди!


 

 



 

{flvremote}http://mpc.org.mk/bigorski070120101.flv{/flvremote}

{flvremote}http://mpc.org.mk/bigorski070120102.flv{/flvremote}

Известуваат: сестрите од манастирот во Рајчица

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная