Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 88)
Рече Господ во приказна: „Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ,3аштити ме од мојот противник!’ Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ,Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам, но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.’“ И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги заштити набргу.
Денес, 30 јануари 2010 година, кога Светата Црква го слави споменот на свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски и свети Максим, архиепископ Влахозадпланински, во храмот на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Храмот Рождество на Пресвета Богородица на денот на свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски и свети Максим, архиепископ Влахозадпланински