Скопје, 14 февруари 2010 год. -храмот Рождество на Пресвета Богородица
„Многусветлата Палата и пречесна Скинија, и свет и простран Храм, која во храмот го воведува Господа, Го дава на светата Црква како ветување, и се моли постојано да бидат избавени од распадливост и неволи оние што навистина ја слават Богордица непрестајно.“
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 103)
Рече Господ на учениците Свои: „Чувајте се од книжниците, што милуваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први нагозбите; што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат; тие ќе добијат потешка пресуда.“ Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаа своите прилози во црковната каса; виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти, па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе пушти; сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти - сè што имаше за својот живот.“
Тропар, глас 4.
Маченикот твој Трифун, Господи, во своето страдање прими нераспадлив венец од Тебе - нашиот Господ; имајќи ја пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната смелост на демоните. По неговите молитви, спаси ги душите наши.
Друго:
- Од Верскиот календар на МПЦ- Св. маченик Трифун (14.02.2010)
- Недела на проштевањето (13.02.2010)
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)