Храм Рождество на Пресвета Богородица
Во петок од четвртата недела на Великиот пост, на 12 март 2010 година, во присуство на многубројниот верен народ , во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, се отслужи канон и акатист кон Пресвета Богородица. На певницата учениците од Православната Богословија на Бога Му принесоа псалмопеење.
Кондак 8: Откако го видовме чудното раѓање, да се оддалечиме од овој свет и нашиот ум да го издигнеме кон небото, зашто заради тоа високиот Бог се јави на земјата како смирен човек, сакајќи да ги привлече кон висините оние што му пеат: Алилуја.
Икос 8: Неискажливото Слово беше целосно на земјата, без и најмалку да отстапи од небесата, зашто Божјото снисходење и раѓањето од Дева, не беше и промена на место, ами Божја милост; затоа да и запееме на Богородица:
Радуј се, место на Бога несместливиот; радуј се, врато на чесната тајна!
Радуј се, ти за која неверните слушаат со сомне-вање; радуј се, сигурна пофалбо на верните!
Радуј се, колеснице пресвета на Оној што седи на херувимите; радуј се, преславно живеалиште на оној што седи на серафимите!
Радуј се, ти која ги собра заедно спротивностите; радуј се, ти што ги соедини девството и раѓањето!
Радуј се, преку тебе се разреши престапот; радуј се, преку тебе се отвори рајот!
Радуј се, клучу на Царството Христово; радуј се, надеж на вечните богатства!
Радуј се, Невесто неневесна!
Лето Господово 2010