Неодама излезе од печат ново издание на книгата “Статии на Велики Петок“ издание на светиот Бигорски манастир со благослов на Високопреосвештениот митрополит Тимотеј. Во продолжение го приложуваме предговорот и неколку фотографии:
ВОВЕДНИ ЗБОРОВИ
Судејќи според историскиот развој на случувањата во нашата црква, на богослужбената традиција и нејзината обредна форма како дел од целокупниот црковен живот, неопходно е и во наше време да се запази творечкиот дух на оваа не-измерно богата црковна традиција.
За прв пат во целост преводот на овие песнопенија (Статии на Велики Петок) на современ македонски литературен јазик, како издание на САС на МПЦ, беше објавен во 1971 година.
Преводот го изврши комисија на САС на МПЦ во состав: протоереј - ставрофор Нестор Поповски, протоереј - ставрофор Методиј Гогов, протоереј - ставрофор Бо-рис Ангеловски и професор Борис Бошковски.
Она што го одбележува нивниот труд е умешноста преку преводот да се протолкува и во целост да се предаде суштината на самата содржина, а не само формата на истата како што често пати се случува денес, (ние денес несвесно сме навикнале да робуваме на формализмот и мртвото слово). Тие со нивниот превод јасно сведочат дека се вистински поддржувачи и негувачи на духот на Словенската Свети-климентова химнографска и преведувачка традиција.
Преку овој превод се прави обид јасно и гласно да се посочи која и каква е целта и смислата на богослужењето. Богослужбата треба да има разбирлив и поучувачки карактер, а не да биде само форма на надворешна, сетилна естетика и да предизвикува “емоцио-театрални чуства”.
Кога она што се чита или пее, за време богослужбите во храмот, е разбирливо за верниците, тогаш и верниот народ Божји може да земе лично и активно учество во самата богослужба, а не само формално да присуствува на истата.
Втора карактеристика на преводот е тоа што тој е направен според тогашната народна мелодија, а не во духот на древ-ната источно-православна мелодиска традиција.
Самата структура на стихословието, распоредот на стиховите и слоговите, како мелодиска структура, не ја запазува во целост византиската источно – православна традиција, поради добро познати при-чини за тој период; тука станува збор за историските настани после 1912/13 година, кога во нашата црква на сила е наметната српската традиција и српското народно т.н. “мокрањчево пеење”, па тоа пеење, како мелодиска форма, долг период е дел од нашата богослужбена традиција; но суштински гледано, овој превод е доста успешен зашто, сепак, тој е направен во духот на древната химнографска традиција, бидејќи не се преведувало буквално, робувајќи на формализмот, а текстот е прилагоден за богослужење според то-гашната мелодија.
Кога станува збор за духот на древната химнографска традиција, треба да нагла-симе некои карактеристики на истата. Кај секоја духовна творба, (се мисли пред сѐ на мелодиската структура) или превод, мелодијата и слоговите се основниот фак-тор, кој го определува распоредот на зборовите и стиховите во самото песнопение, или начинот на превод. А тоа многу зависи, пак, од личниот избор и дарбата на химнографот или преведувачот; тој сам одлучува како ќе ја запази, или предаде, оргиналноста на самата книжевна форма со своите архаични предзнаци и својата духовна мистика. Тоа може да го сретнеме во скоро сите преводи и оргинални богослужбени текстови на грчки, старо-словенски и црковно-словенски јазик и некои од преводите на современите светски јазици.
Со други зборови, тој факт е дел од источно - православната химнографска традиција, а за тоа сведочи и историјата на Црквата, со нејзината неизмерно богата книжевна и обредна форма.
Древниот химнографски и агиографски
творечки дух никогаш слепо и формално не робувал на немиот формализам и мрт-вото слово, туку секогаш бил гласот на Црквата, оживувајќи ги буквите и звуците и молитвено предавајќи ги на верниот народ, кој, допрен од неизмерно убавите слова и Божјата благодат, ја насладува душата со Божјите откровенски вистини.
Подражавајќи ја традицијата на нашата црква и ние денес направивме обид да ги редактираме и корегираме СТАТИИ НА ВЕЛИКИ ПЕТОК, со цел да ги прилаго-диме на источно-православната византи-ска, химнографска и мелодиска традиција, притоа користејќи го како основа, оригиналниот превод на САС на МПЦ од 1971 година.
Со огромна почит кон авторитетот на преведувачите, денес направивме само мали и незначителни промени во редоследот на стиховите, како и во слоговите и некои од зборовите, така што истите се прилагодени на духот на византиската источно - православна мелодија, а одредени термини на места се заменети со посоодветни еквиваленти, а со цел нивната суштина да биде поразбирлива и појасна во денешно време.
Подолу во целост го поместуваме предговорот направен во 1971 година, како историско сведоштво за незапирливиот црковно-културен и духовен развој на нашата црква и “духовната жед” од тоа време:
“Веќе одамна се прават обиди за преве-дување на богослужбени текстови од црков-но-словенски на книжевен македонски јазик. Македонската православна црква досега ги отпечатила ваквите преводи на Светото евангелие, Апостолот, Православниот молитвеник, Службата на свети Климент Охридски и Проскомидијата. Имаме повеќе преводи во ракопис на Светата литургија, на Светите Тајни, на обредите и на не мал број други богослужбени текстови.
Веќе повеќе години во календарот што го издаваме се печати Третата статија. Има постојани барања од свештениците и од верниците да се направи превод и на првите две статии од “Плачот на Света Богородица” и да ги отпечатиме сите заедно во одделна книга. Уверени сме дека таа работа ќе биде примена со голема радост од сите чеда на нашата црква.
Да кажеме нешто за самото преведување на богослужбените текстови. Има луѓе кои свикнале на црковнословенскиот јазик тол-ку многу што никако не можат да се сложат дека современиот книжевен јазик треба да биде јазикот на кој ќе го славиме Бога и ќе Му се молиме. Навистина, црковно-сло-венскиот јазик е извонредно милозвучен и оние што повеќе години го слушале, тешко можат да се одделат од него. За нив црковните мелодии сраснале со тој текст и пре-тставуваат неразделна целина: текст-мелодија. Но љубителите на оваа милозвучност не секогаш се оние што го знаат црковно-словенскиот јазик и ги разбираат тек-стовите од богослужбените книги. За нив содржината како и да не претставува осо-бена важност. А токму на ова треба да се бара разрешувањето на проблемот што е поставен пред нашата Црква.
Богослужбата не е само церемонија и музички концерт, кои можат да ни овозможат само естетски доживувања. Таа, пред сe е молитва, разговор на човечката душа со Бога. А знаеме дека не можеме да разговараме со некого, ниту да се разбереме, ако не зборуваме на разбирлив јазик. Затоа треба да го поставиме прашањето: може ли човекот да разговара со Бога, може ли да ги чуе Неговите пораки изразени во црковните молитви и песни и да Му ги искаже своите молитвени желби, онака како што се тие предадени во тие текстови? Дали во таков случај молитвите и песните од нашите бо-гослужбени книги можат да ја стоплат нашата душа? И најубавите богослужбени текстови само поради незнаење на црковно-словенскиот јазик остануваат мртво слово на хартијата. Нема и не може да има ви-стинско учество во богослужбите без знаење на јазикот на кој се вршат.
Треба да речеме дека сме свесни, за сите тешкотии, со кои е поврзано преведувањето на богослужбените книги од црковно-словенски на македонски книжевен јазик. За ова се потребни стручно подготвени лица; по-требни се: време и големи материјални средства.
Од она што ни го покажало досегашното искуство, заклучуваме дека тешкотиите во преведувањето, главно, се оние што се среќаваат при преведувањето на било какви поетски текстови. Буквалниот превод не се-когаш може да задоволи, а најмалку во преведувањето на поезијата. Само по себе се разбира дека чуството, што е битно за пое-зијата, бара соодветен поетски израз и затоа на преведувачите им се дозволува голема слобода. Треба да се има осет за ритам. Потребно е да се следат и мислата и изразите на оригиналот, но никако не смееме да се држиме за редоследот на зборовите. Метричко - ритмичките и мелодиски решенија во преводот во никој случај не смеат да бидат проста копија на оргиналот. Преводот што ви го даваме е правен според посочените правила. Сме се труделе да ја сфатиме, пред сe, смислата и да го почуствуваме она што го изразува песната. Секаде каде сме сметале дека овој или оној збор од современиот кни-жевен македонски јазик подобро ќе го изрази она што се кажува во оргиналот се служиме со него. Затоа ќе се најдат зборови и изрази што ги нема во оргиналот. Тоа сме го пра-веле со цел да дадеме поетско - музички текст кој ќе одговара на црковната мелоди-ја, но до тоа се прибегнувало во исклучителни случаеви.
Првата песна од секоја статија е нотирана. Бројот на слоговите е подесен според мелодијата. Така што, ако добро се научи нотираната прва песна од статијата, лесно ќе можат да се пеат другите по неа.
Уверени сме дека оваа книга ќе им помогне на нашите верници да ја доживеат и почуствуваат исклучителната длабочина и убавина на црковната поезија, која досега, поради незнаењето на црковно-словенскиот јазик, останувала недостапна за мнозина.
Нашите богослужбени книги се полни со вакви духовни бисери. Во нив се изразени најдлабоките вистини на нашата вера за Света Троица за Исуса Христа, за Божјата промисла, за Неговата безгранична љубов кон човекот и за тајните на спасението. Сите овие вистини се предадени во овие молитвени кринови во проста и ретко убава форма.”
Во ова, ново издание, првата строфа од секоја песна нотирана е со источно-право-славни византиски нотни знаци (невми), во духот на источната традиција на Црк-вата, а според напевот на Бигорската света обител.
Предстојната редакција и превод на мелодиската стрктура и текст ја извршија: Архимандрит Партениј - игумен на светиот Бигорски манастир, Ристески Гоце, Антонио Лазески и Александар Петкоски. Би сакале да напоменеме дека преводот е прилагоден и според новите официјални грчки и црковно-словенски изданија.
За сите недоследности, грешки и пропусти смирено го просиме Вашето разбирање, со ветување дека истите ќе бидат корегирани во некое следно издание.
Од редакцискиот одбор