HRISTOS.SPASITEL.jpgВо понеделникот од Страсната седмица е сеќавањето на блажениот и праведен Јосиф и на смоквата која Господ ја проколна и со тоа ја исуши.
 Мудриот Јосиф се покажа како праведен управник. Слава Ти, дарителу на жито.
 Синагогата еврејска Господ ја спореди со смоквата лишена од духовни плодови и ја исуши проколнувајќи ја. Да бегаме од таква судбина.
Синаксар

 Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е оној слуга кој ќе го најде буден, недостоен е пак, оној, кој ќе го најде кај дреме. Внимавај, душо моја, сонот да не те совлада, да не бидеш на смрт предадена и оставена надвор од Царството. Но, вразуми се и воскликни: Свет, свет, свет си Боже, заради Богородица, помилуј нè!
Утрена, Велик понеделник

 Поттикнат од Твоето Милосрдие, Христе наш Добротворе, Ти доброволно си излегол на Своето страдање, сакајќи да нè избавиш од страдања и осуда во адот. Затоа сите пееме пофалби на светото Твое страдање и го славословиме Твоето самопонижување, Спасителе.
Повечерие, Велик понеделник 

 Читање од Светото Писмо:
 Свето Евангелие по Матеј 22, 15-46; 23, 1-39

Подготви: А.Л