На 02. 04. 2010 година, Велики Петок, во 19 часот, во Хамбур, се отслужи бдение со пеење на статиите (Оплакување Христово) и се направи опход со светата Плаштаница околу храмот. На богослужбата голем број на верници од Хамбург и околината, молитвено учествуваа во погребението на Господ Исус Христос

На полноќ во МПЦО „Св. Ѓорѓи Кратовски – Хамбург со биење на камбаните започна овогодишното славење на најголемиот наш православен празник Христовото Воскресение. Богољубивите Божји чеда од Црковната општина беа поздравени со најрадосниот и најторжествениот поздрав: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

По што се отслужи Света Воскресенска Литургија на која сскоро сите присутни со соединија со телото и крвта Христови.

Второто Христово Воскресение беше прославено со вечерна воскресенска богослужба со почеток во 12,30 часот, на која најрадосни беа најмалите верници од Црковната општина.

Протоереј Николче Ѓорѓев