„Од смртта кон животот, и од земјата кон небото, Христос нашиот Бог нé преведе нас, кои што победна песна пееме:Христос Воскресна од мртвите, со смрт смртта ја уништи и на оние во гробовите живот им подари!“


Во нашата Македонска Црква Св.Параскева –Петка Римјанка во Чикаго, преку посетувањето на Светите Богослуженија, верниците имаа можност да си спомнат за последните денови од Христовиот живот на земјата, да им оддадат почит на страшните Господови страдања и да сочувствуваат со нив, и, конечно, да го прослават Светото Христово Воскресение и да се исполнат со долгоочекуваната Велигденска радост.

Така, утрото на Велики Четврток беше отслужена Вечерна Богослужба со Света Василева Литургија (во спомен на Тајната Вечера), а вечерта, пак, се отслужи Утрената Богослужба за Велики Петок, со читањето на 12-те Евангелија. Со оваа Богослужба чиноначалствуваше нашиот возљубен Митрополит Американско-Канадски Методиј, во сослужение со нашиот парохиски свештеник протоереј Стојан Стојанов, ѓаконот Стеван Барјактаров и ипоѓаконот Драган Јорданов.

  b1.jpg

b2.jpg

b2.jpg

b2.jpg

b2.jpg

b2.jpg

Утрото на Велики Петок се служеа Царските Часови, проследени со Вечерна Богослужба и изнесување на Плаштаницата и нејзино полагање на украсениот Христов Гроб. Вечерта,пак, се отслужи Утрена Богослужба со Чинот на Погребение и се оплакуваше смртта на нашиот Господ Исус Христос.

b8.jpg

Утрото на Велика Сабота беше отслужена Вечерна Богослужба со Света Василева Литургија, при што веќе почна да се чувствува почетокот на празнувањата на Светлото Христово Воскресение и тоа: преку пеењето на Воскресните стихири, читањето на 15-те Паримеи со пророштва за Воскресението, преку Воскресниот Апостол и Евангелие и посебно преку заменувањето на темните одежди со Пасхалните светло-бели при пеењето на радостниот Велики Прокимен:„Воскресни Боже, суди замљи, јако Ти наследиши во всјех јазицех!“
 
b8.jpg

b8.jpg

Секако дека празнувањата достигнаа кулминација Саботата спроти Недела, кога по Трикратниот опход радосно одекнаа зборовите: „ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!“ Радоста продолжи со Пасхалната Утрена и Светата Божествена Литургија, а во Неделата околу пладне се отслужи Пасхалната Вечерна Богослужба и се читаше Светото Евангелие на разни јазици.

b8.jpg

Сите овие Богослужби беа украсени со пеењето на нашиот црковен Хор, кој во неколку прилики беше обогатен за уште еден член, малата Кристина!
 

Беше задоволство да се гледа со каква радост овој наш најмлад псалт му пее на Господа!
b8.jpg
Од името на целата наша Црква Св.Параскева- Петка Ви го честитаме на сите Светлиот Велигденски Празник и Ве поздравуваме со најрадосниот Христијански поздрав: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!
                                                                   
Известуваат: верници при МПЦ Св.Петка.