Прекрасно беше да се посетуваат секојдневните Богослужби за време на Светлата Седмица во Рускиот Богородичен Храм! Секоја вечер се служеше Вечерна Богослужба, а наутро –Утрена, Пасхални Часови и Божествена Литургија. Во Храмот се чувствуваше таква радост која невозможно е да се опише!
Посебно беше убава службата на Светла Сабота (Утрена, Пасхални часови и Божетвена Литургија), која на некој начин е посветена на најмладите –на дечињата. На овој ден, секоја година во Руските Храмови дечињата имаат свој детски трикратен опход околу Храмот, или „Детски Кресен Ход“. Каква радост е да се види Господовиот Храм преполн со деца! Каква восхит предизвикува слушањето на детските гласови кои еднодушно го пеат Символот на Верата и „Оче наш“! Колку убаво одекнуваат овие радосни зборови изречени од детските усти: „Воистину Воскресе!“ Каква глетка е да се видат колони дечиња кои пеејќи и држејќи икони во рачињата чекорат околу Храмот и Го слават Светлото Христово Воскресение!
И конечно, колку е свето и Богоугодно кога родителите ги „пуштаат децата да одат при Него“- при нивниот Добар Небесен Отец!
Подготви:С.Л.
Фото: Наталья Любашенко