Скопје, 16 април 2010 год- храм Рождество на Пресвета Богордица
На 16 април 2010 година, на празникот на свети Никита Исповедник, свети Павле Неволник и светиот маченик Улпијан , во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата. На Литургијата верниот народсе причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Јован
Им рече Исус на Јудејците: „Вистина, вистина ви велам: кој го слуша словото Мое и верува во Оној, Кој Ме пратил, има живот вечен и нема да дојде на суд, а преминал од смрт во живот. Вистина, вистина ви зборувам: иде часот и дошол веќе, кога мртвите ќе го чујат гласот на Синот Божји, и, штом го чујат, ќе оживеат. Оти, како што Отецот има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе; и Му даде власт да суди оти е Син Човечки. Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро - ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување. Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата Моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил.“