Stefan.Bozik.jpg

Скопје, 27 април 2010 год. - храмот на св.Петка

 Stefan.Bozik.jpg

 Голема молитва - Благодарност кон Бога за даруваната рожба

 Со навршувањето на четриесеттиот ден од раѓањето на малата Ана Ѓуровска, нејзината мајка Габриела Јовева Ѓуровска ја донесе во храмот на света Петка во Скопје на Голема молитва да побара благослов од Бога за својата рожба.

Stefan.Bozik.jpg

Stefan.Bozik.jpg

„ Точно на четриессетиот ден од раѓањето, мајката ја донесува рожбата во храмот да ја претстави пред Господа. Во молитвата, свештеникот се моли да се очисти мајката телесно и духовно и повторно да може да пристапи кон светото причестување. Овој пример ни го оставила уште Мајката Божја, донесувајќи го Спаителот наш, Господ Исус Христос на четриесеттиот ден во храмот кај праведниот Симеон Богопримец, и воедно е востановен празникот Сретение Господово.“

Stefan.Bozik.jpg

  

Во четириесетиот ден мајката го донесува детето во светиот храм „за да го претстави пред Господа„ (Лк. 2,22)

Господи, Боже Седржителу, Оче на Господа наш Исус Христос..... Тебе Ти се молиме и од Тебе просиме, Твоето чедо (името на мајката) што си ја спасил по Твојата волја..... очисти ја од секаков грев и од секаква нечистотија за да се удостои неосудено да се причести со Светите Твои Тајни..... и роденото од неа дете благослови го, порасни го, освети го..... зашто Ти си го создал и си му ја покажал видливата светлина...и во определено од Тебе време да се удостои со духовната светлина и да се придружи (со Крштевањето) на Твоето Свето стадо. 

 Stefan.Bozik.jpg

 

Молитва за мајката

Господи Боже наш, кој си дошол за спасение на човечкиот род, дојди и на твојата рабина (името) и преку Твоето чесно свештенство удостој ја да влезе во храмот на Твојата слава, измиј ја нејзината телесна и духовна нечистотија со навршувањето на четриесетте дни и направи ја достојна да се причести со Твоето чесно Тело и Крв.

Возглас;

Зашто се освети и прослави Твоето пречесно и  и великолепно име  на Оца и Сина и Светиот Дух, сега секогаш и во вечни векови. Амин 

Stefan.Bozik.jpg

Молитва за детето

 Свештеникот го благословува детето и вели:

Да се помолиме на Господ.

Господи, помилуј.

Господе Исусе Христе Боже наш кој во четриесеттиот ден како Младенец  си бил донесен во старозаветниот храм од Марија, Твојата света мајка која не искусила брак, и си бил носен во прегратките на праведниот Симеон, сам Ти Владико сесилен, благослови го ова детенце.

Stefan.Bozik.jpg

Stefan.Bozik.jpg  Stefan.Bozik.jpg

Stefan.Bozik.jpg


 Stefan.Bozik.jpg

Stefan.Bozik.jpg

Скопје, 27 април 2010 год.- Родителите Габриела и Марјан Ѓуровски со својата ќерка Ана Ѓуровска по подигање на Големата молитва во црквата „Света Петка„ на празникот на свети Мартин Исповедник, папа Римски  и светиот маченик Ардалион Глумец.