логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  Nikola.Monashtvo.jpg

Г.Петар ги презентираше активностите на Австралиско-новозеландската епархија на литургиски, духовен, црковен и градежен план

 

Скопје, 12 мај 2010 (МИА) - Се обидуваме богослужбите во црквите кои се под Австралиско-новозеландската епархија да бидат преведени на македонски јазик. Почнавме со организирање верска поука во црквите за младите и за возрасните. Направени се преводи на богослужбени книги. Овој месец ќе биде промовиран проект за неделни училишта во кои младите од прво до осмо одделение ќе го изучуваат македонскиот јазик, црковната и националната историја и ќе се запознаат со етичките и моралните вредности и веронауката, рече на денешната прес-конференција митрополит преспанско-пелагониски и администратор встралиски и новозеландски г.Петар.

Осврнувајќи се на завршувањето на канонската визитација на Австралиско-новозеландската епархија за она што е постигнато на литургиски, духовен, црковен и градежен план, на активностите по однос вршењето на мисијата на црквата, тој истакна дека  секоја празнична литургија и служба во сите цркви во Австралија се служи на денот кога е празникот за разлика од порано кога се преместувала во недела.

Nikola.Monashtvo.jpg

- Ги поставивме работите и за прашање на извршувањето на венчавките кои порано се извршувале и во денови кога е строго забрането. Во сите цркви има подобро организирани или импровизирани хорови со цел што е можно повеќе да се пристапи кон активно учество на верниците за време на службите. Се доградуваат три манастири и три цркви во Австралија. Дваесет цркви во Австралија се под јурисдикција на МПЦ, рече митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и новозеландски г.Петар.

Преводи на богослужбите, појасни тој,  има во новооснованата црква во 1997 година „Света Петка“ во Мил Парк, а тоа доби добар одѕив и кај другите цркви и парохии во Викторија, Нов јужен Велс итн.

- Цврсто стоиме на ставот дека треба да се има добра комуникација со вернциите особено со помладите. Почнавме со организирање семинари со свештенството со цел да ги разбудиме нивните чувства за нивната одговорна мисија како парохиски свештеници на пасторско мисионерската дејност бидејќи се наоѓаме во ситуација кога таму доколку ние како црква не се погрижиме доволно на тој план, може верниците да ни бидат загубени, да немаат интерес за мисијата на црквата или да бидат жртва на протестантските секти и други верски деноминации кои се многу активни, посочи митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г.Петар.

Тој истакна дека има една црква комплетно фрескоживописана, тоа е „Св.Никола“ во Перт, а оти при крај се работите околу фрескоживописот во црквите „Св.Петка“ во Мил Парк, „Св.Илија“ итн. Нема, рече митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г.Петар,  доволно квалитетни фрескоживописци во Австралија кои би можеле да ги изведат овие работи.

Nikola.Monashtvo.jpg

Укажувајќи на грижата околу зависниците од дрога која е нивна приоритетна страна, тој укажа на проблемот со пензионерите во Австралија кои масовно се зависни од хазардните игри.

- Организаторите (кои добиваат надоместок) на дел од пензионерските друштва ги собираат луѓето пред црквите и од таму ги носат во казината. Тие што се коцкаат добиваат бесплатен ручек, а таму ги оставаат своите пензии. Оваа зависност е проблем не само за Македонците, туку и за сите националности во Австралија, додаде митрополит преспанско-пелагониски и администратор австралиски и новозеландски г.Петар. рп/скс/14:01

  Nikola.Monashtvo.jpg

Скопје, Македонска Православна Архиепископија .

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

27/07/2025 - недела

Светиот апостол Акила; Преподобен Елиј; Преподобен Никодим Светогорец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици  29 јули/16 јули  2025

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 29 јули/16 јули 2025

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 27 јули/ 14 јули 2025

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули  2025

Тропар на св.Архангел Гаврил 26 јули/13 јули 2025

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная