Седмица 4-ра по Педесетница

bogorodica.k.dol.jpg

САБОТА
На еден кој сакаше да тргне по Него, Господ рече: Синот Човечки  нема каде глава да подслони. На другиот, пак, кој претходно сакаше да го погреба татка си, Он рече: „ Врви по Мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци“(Мт.8,16-22). Значи, кој сака да врви по Господa, не треба да очекува никаква утеха на земјата, туку единствено лишување, неволји и жалости. Тој треба да знае дека животните грижи, ниту оние дозволените (законските), не се согласни со тоа следење. Потребно е одлучно да се оддели од се, како  веќе ништо не би не врзувало за земјата, а потоа да се припремиме на секакви страдања или крст. Подготвени  на таков  начин, треба да тргнеме  по Господа.  Таква е самата волја Господова! Но, за кого важи таа заповед: само за апостолите или за сите Христијани? Нека секој сам размисли. Дали на сите им е кажано: „ Одречи од себе си  и земи го крстот“? Дали на сите им е кажано: „Љуби го Господа повеќе отколку  татка си и мајка си,браќата и сестрите, жената и децата“? Заклучокот е јасен. Но, кој го може тоа? Еднаш и апостолите нешто слично го прашаа Господа. Он им одговори: Неможното за луѓето е можно за Бога (Лк.18,27).

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

 Друго: sv.Ilarion.novi.jpgОд Верскиот календар на МПЦ (19.06.2010) 

 

Предговор


Друго: bogorodica.k.dol.jpg

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА