логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

 На 26.06.2010 година, во Свечената сала при Соборниот храм „св. Климент Охридски“ во Скопје,  се одржа  промоција  на новата, третат по ред,  поетска  книга  под наслов „Реки  Вавилонски“ на авторот Стојанче Андов.  Оваа духовно- поетска збирка ја претставија  поетот и преведувач  Михаил Ренџов  и богословот Александар Димоски. Сестрите од манастирот на свети Ѓорѓи во Рајчица, исполниа    неколку духовни композиции  надополнувајќи ја  целосно  духовната радост.

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

Богослов Александар Димоски: 
 „Следејќи ги поголемите настани во литертурниот свет и набљудувајќи го развојот на поезијата на овој млад поет, можев да заклучам дека во последниве неколку години, на нашиве простори се обновува една многу стара традиција, духовна поезија, поезија која за инспирација го има Христа, вечниот Младоженец и активниот Литургиски живот на Црквата. Тоа што пред единаесет века на ова тло го постави свети Климент, како прв словенски писател и поет, гледаме како денес се враќа меѓу младите богослови, меѓу редот на обновената Светиклиментова славна Охридска Архиепископија, гледаме како се раѓа нов феникс од пепелта која ни ја оставија безбожните народи во текот на историјата. Поезијата јас би ја нареклол говор на срцето, за секој поет песната претставува мала исповед на своите чувстава. Една песна, еден свет. А по онаа реформација и појавата на модернизмот во литертурата со сите негови подправци, поезијата беше ставена во служба на политичките пропаганди. За миг се изгуби сјајот на поезијата, но благодарение на литертурните великани како Пушкин, Александар Блок, тука слободно ќе ги споменам и нашите Миладиновци, Рацин, вистинската поезија не згасна целосно. Таа се одржа, се зачуваа и теолошките мотиви, но само онака пропратно. Денес, гледаме како може Црковниот живот да претставува мотивација за една цела збирка на песни.

Поезијата на Стојанче, сака да го долови моментот на миговниот допир со небото и Бога, со благодатта и љубовта Христова, што и му успева. Читајќи ги неговите песни ќе забележите дека влегуваме во дневникот на една православна душа што живее активен црковен живот.

 Денес, покрај промовирањето на оваа поетска збирка “Реки Вавилонски“, исто така, се собравме и духовно да ја одбележиме матурата на Стојанче, односно неговото матурирање во МПБ “Св. Климент Охридски“, овде во Скопје.

Заеднички да му ја честитаме новата книга и матурата, како е неговото наскоро заминување во САД на студии во Њујорк, на Теолошкиот факлутет во Светотроитскиот манастир – Џорданвил. “

 

markov.sv.Zlata1.jpg

Стојанче Андов :

Излевај покајание за сè
додека телото си го носиме,
крај реките свои Вавилонски
да плачеме...

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

“Тебе Господи, ти го доверуваме сиот свој живот и надеж“.
Зар доволна ќе биде солзата за да Му благодарам на Бога за сите Негови добрини, или, пак една длабока метанија за љубовта Своја Отечка!?
Не можеме вистински да го возљубиме Христа, ако не ги почувствуваме Неговите страдања и Неговиот трнов венец на главата.

Можеби ќе Ви здодеам, но јас не можам, а да не говорам за страдањата на Исуса Христа. Страданија во себе ми се како мал храм или олтар, кој ги чувам и постојано размислувам. Само така научив зошто се распна Христа и зошто јас треба постојано да љубам.

Он беше изнаранет за гревовите мои и мачем заради моите безаконија; казната за мојот мир падна врз Него, а преку Неговите рани јас се излекував!
Да не се фалам, но срцето ми говори дека сум радосен човек. Радосен бидејќи го имам Бога, свети Серафим Саровски, свети Наум и сите светии. Ги љубам сите, затоа што тие непрестано се со мене и ме чуваат. По нивните молитви, јас се спасувам.

Јас го чувствувам животот онака како што го опишав во книгата и во моите книги досега. Чувствувам дека и во иднина ќе го слушам својот внатрешен глас и ќе пишувам онака како што чувствувам. Пишувањето е дел од мојот живот кој духовно ме исполнува. Тогаш посакувам воздухот рајски да го вдишам и да се впуштам од земјата кон небото, во допир со трансцедентното.

Моето духовно образование го надоградив во духовната институција –Македонската православна богословија “Св. Климент Охридски“ во Скопје, а сега со благослов на мојот архиереј архиепископот Стефан ќе зачекорам на факлутет во САД, во Светотроитскиот манастир во Џорданвил, за еден ден да застанам пред престолот Божји и со подигнати раце да Му благодарам од сите и за сè!

Ете, даде Бог да се собереме на промоција и на оваа моја трета книга. Сите знаете, насловена е како “Реки Вавилонски“. Главно во дел од песните го величам покајанието, како што се вели во песната:
Излевај покајание за сè
додека телото си го носиме,
крај реките свои Вавилонски
да плачеме...
Ќе почнам од себе: додека го носам своето тело, јас грешам. Грешам со телото, со духот, со мислата, со погледот... но кога ќе седнам крај својата река и да почнам да плачам, за да разберам колку грешам?!

Во една молитва се вели: нема човек кој поживеал, а не згрешил. Само ти си надвор од секој грев и Твојата правда е вистина.
Времето е кратко за да мразам, а долго за да љубам! Пишувам за љубовта, но можеби јас се уште не знам да љубам? Можеби грешам зашто јас не знам да љубам, затоа се молам на Бога со зборовите: направи да бидеме едно семејство, што живее во едно срце, со една љубов,како еден човек, по предвечната Твоја промисла за првородениот Адам, и уште никогаш да не заборавиме дека братот наш е нашиот живот!
При првиот мој чекор во Светата Црква, подршката ја имав од неговото блаженство, архиепископот Стефан.
Ваше блаженство, благодарам за сè! Вашите молитви ми требаат, зашто се силни!
Мојот духовен отец, архимандритот Партениј со своите молитви правилно ме водеше и ме води кон вратите на спасението на својата душа.
Благочестивото семејство Стојковски, тетка Велика и чичко Јове
не знам дали ќе имам доволно зборови за да ги кажам нивните добрини кон мене.

 Возљубена мама Велике: твојата мајчинска љубов јас ја почувствував! Ти ме научи да љубам, да се борам во овој свет. При сите мои искушенија ти наоѓаше време за мене. Не можам да речам дека можам да ти се оддолжам, затоа што не можам, па затоа само едно ќе ти речам: Ти засекогаш остануваш моја духовна мајка! Ти благодарам за љубовта која ми ја подари!...

Мојот говор ќе го завршам со зборовите на свети Серафим Саровски: Радувајте се! “

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

Богослов Александар Димоски:

„Пред неколку месеци Стојанче ме повика и ме запраша дали би сакал да ги погледнам песните што ги подготвува за неговата нова збирка. Најискрено, знејќи го неговото старо творештво, не очекував некаков напредок и созревање на поетската мисла, но очегледно е дека се излажав! Пред мене гледав песни од кои бев воодушевен, песни за кои не можев да поверувам дека Стојанче е авторот. Забележав сериозен напредок во духовниот опит и богословската мисла, забележав оригинални и автентични изрази, нешто што изостануваше во неговите две предходни збирки. Бев почестен да сведочам за враќањето на теолошките мотиви во поезијата, за возбнувњето на црковната поетика. Започнав да си го поставувам прашањето: дали Стојанче се вброја во плеадата на гиганските поети кои го одржаа пулсот на поезијата? Секако мора да почекаме за времето да го даде тој одговорот.

Нашиот млад автор започна да прави нешто што не се среќава често на нашиве постори, а и пошироко во литературниот свет. Читајќи ги песните, се потсетив на многу неуспешни поети во литературната историја кои се обидоа да го доловат миговниот допир со Трасцедентното. На сите нив им недостасуваше едно нешто кое длабоко се чувствуваше во нивната поезија, тоа беше искуството од активниот Црковен живот на Православната црква, но во оваа поезија на Стојанче тоа длабоко се почувствува, а со тоа се гарантира и нејзиниот успех. Се покажа дека неговото Богословско школување оставило длабока трага во неговата личност, во неговото битие и во неговиот живот. Тоа посебно се гледа во песната Реки Вавилонски, по која е нсловена и самата збирка. Таму се чувствува оттуѓеноста на светот од Бога и отсуството на покајание. Низ православната и библиска лексика е доловен секој момент од бурниот живот на современиот човек, од немањето време и простор за Бога кој држи сè.

Можев да забележам дека општ мотив на целата збирка и главната мисла која преовладува во речиси сите песни, е преголемата желба за покјание и повикот за обраќање на луѓето кон Бога. И сето тоа Стојанче го прави со една воочлива и забележителна ревност, а тоа уште еднаш сведочи дека поезијата е говор на срцето. Помеѓу стиховите се чита убавината на православниот духовен живот, а во слоговите се гледа неговата љубов и чистота. Се величаат добрите дела, а се осудуваат омразата и гревот, како болест на душата и вериги на срцето.

Поезиајта на Стојанче, се карактеризира со една духовна ведрина. Ведрина која може да ја почуствува секој читател. Исто така забележав дека овие стихови наликуваат и на неговите карактерни особини како млада личност која сè уште само се учи да плива во теолошките води.

Го молам нашиот Бог секогаш да го озарува неговото творештво и неговата поезија усувршувајќи се да сведочи за неговиот духовен напредок и созревањето на богословската мисла во неговиот разум. Бог секогаш да го укрепува неговото срце и за него да нема друга инспирација освен Нашиот милостив и човекољубив Бог! “

markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

 markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная