Скопје, 4 јули 2010 год- храм Рождество на Пресвета Богордица
На 4 јули 2010 година, во Шестата недела по Педесетница, на празникот на светиот маченик Јулијан Тарсиски и преподобните Јулиј и Јулијан , во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 26)
Во она време кога дојде во домот на Петра, Исус ја виде баба му како лежи болна од треска, и се допре до раката нејзина, и треската ја остави; таа стана и им служеше. А кога се стемни, доведоа при Него мнозина бесни, и Он со еден збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни, за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Он ги зеде на Себе нашите немоќи и ги понесе болестите.“ Кога виде околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна. Тогаш се приближи до Исуса еден книжник и Му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“ А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески - гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“ Друг, пак, од учениците Му рече: „Господи, позволи ми најнапред да отидам да го погребам татка си.“ Но Исус му рече: „Врви по Мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“ И кога влезе Исус во коработ, по Него влегоа и учениците Негови.
Лето Господово 2010