Скопје, 30 јули 2010 год- храм Рождество на Пресвета Богордица
На 30 јули 2010 година, во Десеттата недела по Педесетница, на празникот на светата маченичка Марина (Огнена Марија); и преподобен Леонид Устнедумски, во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 69)
Рече Господ на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене; зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде: оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови. Вистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт дури не Го видат Синот Човечки како оди во царството Свое.“
Мал водосвет
Лето Господово 2010