На 08. 08. 2010 година, Св. препод. Мч – чка Параскева Римјанка (Св. Петка), Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со надлежниот Архиереј на Брегалничката епархија Митрополитот г. Иларион, а во сослужение на игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници на МПЦ, го освети летниот параклис посветен на Св. Петка, при манастирскиот комлекс во с. Сарчиево, чиј што ктитор е бизнисменот г. Стојан Давчев со семејството родум од с. Сарчиево. По осветувањето на параклисот Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан, Митрополитот г. Иларион и свештенослужителите, отслужи света Архиерејска Литургија. На крајот од светата литургија, Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан, одржа пригодна беседа а Митрополитот г. Иларион од името на Брегалничката епархија на ктиторот на параклисот г. Стојан Давчев му додели Благодарница за оваа Богоугодно дело. По ова ктиторот г. Стојан Давчев на Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, во знак на осветувањето, им подари по една патарица изработена токму за овој момент. По ова Поглаварот на МПЦ г. г. Стефан, Митрополитот г. Иларион и свештенослужителите, го благослови и пресече празничниот леб.
Покрај осветувањето ктиторот на параклисот г. Стојан Давчев организираше и беше покровител на соборување на гинисовиот рекорд на приготвување на грав во најголем котел. Со подготовка на гравчето, од страна на куварите од хотелот АлександарПалас од Скопје, се отпоча во раните утрински часови во постојан надзор од страна на членови за утврдување на гинисови рекорди и во 13 часот комисијата објави резултат дека е срушен гинисовиот рекорд и е приготвен 3 100 кг. грав, и од страна на комисијата на ктиторот и покровителот на оваа организација г. Стојан Давчев му додели плакета за најголем гинисов рекорд за подготовка на грав во с. Сарчево - Штип. По ова Поглаворот на МПЦ г. г. Стефан го благослови гинисовото гравче и им посака пријатен ручек на над десетилјадниот народ присутен на овој чин.