markov.sv.Zlata1.jpg

Скопје, 13  август  2010 год- храм на св.вмч. Димитриј

markov.sv.Zlata1.jpg

 На  15 август 2010 година, во 12-тата     недела по Педесетница, на празникот на Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан,  во храмот посветен на св.вмч. Димитриј, во Скопје, се отслужи  Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg  markov.sv.Zlata1.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 73)

Во она време се приближија до Петра оние што собираа дидрахми и му рекоа:„Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?“ Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“ Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече:„3начи, синовите не плаќаат; но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба, што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!“
Во тој час се приближија учениците до Исуса и рекоа: „Кој е поголем во царството небесно?“ И како повика Исус едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно: кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно.

markov.sv.Zlata1.jpg  markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

  

 markov.sv.Zlata1.jpg

 Лето Господово 2010