Скопје, 22 август 2010 год- храм Рождество на Пресвета Богордица
На 22 август 2010 година, во 13-тата недела по Педесетница, на празникот на светиот апостол Матиј, светиот маченик Антониј и светите маченици Јулијан и Маркијан и другите со нив, во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 78)
Во она време дојдоа кај Исуса фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ Он им одговори и рече: „Не сте ли читале дека Оној што ги создаде во почетокот, ,маж и жена ги создаде’ и рече: ,3атоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.’ Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува.“ Тие Му рекоа: „3ошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно писмо и да ја напушти?“ Он им одговори: „3аради вашите жестоки срца Мојсеј ви разрешил да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така. Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, прељубодејствува.“ А учениците Негови Му рекоа: „Ако е таков долгот на човекот кон жената, тогаш не треба ни да се жени?“ Но Он рече: „Не сите го примаат овој збор, а само оние, на кои им е дадено; зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и такви што се скопени само заради царството небесно. Кој може да прими, нека прими.“
Лето Господово 2010