Скопје, 28 август 2010 год.- манастир Успение на Пресвета Богородица, Матка
На 28 август 2010 година, во 14-тата недела по Педесетница, на празникот Успение на Пресвета Богородица, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во присуство на Претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов со сопругата и многубројниот народ, отслужи Божествена Литургија во женскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица во Матка. Верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.