Василиј Гондикакис
Во секој одличен ден, во секој празничен ден, ѓаволот со неговите искушенија создава проблеми кои причинуваат тага. Тој сака да ја урне нашата радост, да ја наоблачи светлоста на празникот, да не остави срце нерането од жалоста. Онаа исходечка љубов - нудењето самите себеси на другите – нѐ води кон пронаоѓање на себеси. Го откриваме не само нашето сопствено битие туку и битието на секој друг човек. И ако ја поседуваме оваа љубов - колку и да сме далеку ќе нѐ одведе во Рајот. А ако не ја поседуваме - дури и да сме пред самите порти на Рајот - нашиот недостаток од љубов, кој всушност е „омраза”, ќе нѐ спречи да влеземе и ќе направи да бидеме отфрлени далеку.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 104)
Рече Господ во приказна: „Царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа да го пречекаат младоженецот. Петте од нив беа мудри, а петте - неразумни. Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј; а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј; и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ,Ете, младоженецот иде, излезете да го пречекате!’ Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилници. Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ,Дајте ни од елејот ваш, зашто нашите светилници гаснат.’ Мудрите им одговорија и рекоа: ,Да не би да не ни стигне и нам и вам: подобро отидете кај продавачите и купете си!’ А кога отидоа тие да купат, пристигна младоженецот и спремните влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија. Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ,Господаре, господаре, отвори ни!’ А тој им одговори и рече: ,Вистина, ви велам: не ве познавам!’ И така, бидете будни, оти не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.
На 3 октомври 2010 година, во 19-ттата недела по Педесетница, на празникот на , Собор на сите македонски Светители, светиот великомаченик Евстатиј Плакида, и преподобниот маченик Иларион, во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица , во Скопје, отец Ристо Ристовски отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010