логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


02.12.2010 год.

(четврток)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

5-ден

 

5 ден: Матеј 25-28
25 | 26 | 27 | 28

Глава  25                                     
  
  1 „Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот.
  2 Петте од нив беа неразумни, а петте мудри.
  3 Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло;
  4 а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници.
  5 Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
  6 А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’
  7 Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки.
  8 А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’
  9 Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’
10 Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори.
11 А потоа дојдоа и другите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’
12 Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’
13 И така - бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!”
14 ”Зашто ќе дојде како човек, кој - тргнувајќи на пат - ги повика своите слуги и им го предаде својот имот,
15 и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според неговата способност, и отпатува.
16 Оној, кој прими пет таланти, веднаш отиде, и тргуваше со нив и спечали други пет.
17 Исто така, и оној со двата таланти, спечали други два.
18 А оној, кој прими еден отиде, ископа во земјата и го сокри среброто на својот господар.
19 По долго време, дојде господарот на тие слуги и ја прегледа сметката со нив.
20 И кога пристапи оној, кој примил пет таланти, донесе други пет таланти и рече: ‘Господаре, ми предаде пет таланти, а еве, јас спечалив и други пет.’
21 Тогаш неговиот господар му рече: ‘Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!’
22 А кога пристапи оној, кој примил два таланта, рече: ‘Господаре, ми даде два таланта, а еве, јас спечалив други два.’
23 Тогаш неговиот господар му рече: ‘Добро, сакан и верен слуго! Си бил верен во малку, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот господар!’
24 А кога пристапи оној, кој примил еден талант, рече: ‘Господаре, знаев дека си ти строг човек, жниеш каде што не си сеел и собираш каде што не си веел;
25 се исплашив, отидов и го скрив твојот талант во земјата. Еве, го имаш своето!’
26 А неговиот господар одговори и рече: ‘Зол и мрзлив слуго, знаеше дека жнијам, каде што не сум сеел и дека собирам, каде што не сум веел;
27 затоа требаше да им го дадеш моето сребро на менувачите и јас - по враќањето - ќе го земев моето со добивка.
28 Затоа, одземете му го талантот и дајте му го на оној, кој има десет таланти!
29 Зашто секому, кој има, ќе му се даде уште и ќе има во изобилство, а оној, кој нема, ќе му се одземе и она што го има.
30 А неполезниот слуга исфрлете го во крајна темнина; каде ќе биде плач и чкртање со заби.’”
31 ”Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава;
32 и ќе се соберат пред Него сите народи, а Тој ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од јарците.
33 И ќе ги постави овците од својата десна страна, а јарците од левата.
34 Тогаш Царот ќе им рече на оние од десната страна: ‘Дојдете, благословени од Мојот Татко, и примете го во наследство Царството, кое ви е приготвено од создавањето на светот!
35 Зашто огладнев и Ми дадовте да јадам; ожеднев и Ме напоивте; бев странец и Ме примивте;
36 бев гол и Ме облековте; бев болен и Ме посетивте; бев во темница и дојдовте при Мене.’
37 Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме; или жеден и Те напоивме?
38 Кога Те видовме како странец и Те примивме? Или гол и Те облековме?
39 Кога те видовме болен или во темница и дојдовме при Тебе?
40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’
41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!
42 Зашто огладнев и не ми дадовте да јадам; ожеднев и не Ми дадовте да пијам,
43 бев странец и не Ме примивте; бев гол и не Ме облековте; бев болен и во темница и не Ме посетивте.’
44 Тогаш тие ќе одговорат и речат: ‘Господи, кога Те видовме гладен, или жеден или како странец, или гол или болен или во темница, и не Те послуживме?’
45 Тогаш ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку не му направивте на еден од овие најмали, ни Мене не Ми направивте!’
46 И овие ќе отидат во вечна мака, а праведниците во вечен живот.”
 
Глава  26                                     
  
  1 А кога Исус ги заврши сите тие беседи, им рече на Своите ученици:
  2 ”Знаете дека Пасхата е по два дни, и ќе Го предадат Човечкиот Син, за да Го распнат.”
  3 Тогаш големите свештеници и народните старешини се собраа во дворот на првосвештеникот, кој се викаше Кајафа,
  4 и се договорија да Го фатат Исуса на измама и да Го убијат.
  5 Но велеа: „Не на празникот, за да не се побуни народот.”
  6 А кога Исус беше во Витанија, во куќата на лепрозниот Симон,
  7 Му се приближи жена, со сад од алавастер со скапоцено миро, па го излеа врз Неговата глава, додека беше прилегнат до столот.
  8 Штом учениците го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „За што е ова растурање?
  9 Оти тоа миро можеше да биде продадено скапо, и сребрениците да им се дадат на сиромасите!”
10 Но Исус го разбра тоа и им рече: „Зошто и здодевате на жената? Таа Ми направи добро дело,
11 зашто сиромасите ги имате секогаш со себе, а Мене Ме немате секогаш;
12 зашто кога таа го излеа мирото врз Моето тело, го стори тоа за Моето погребение.
13 Вистина ви велам, каде и да биде проповедано Евангелието по целиот свет, ќе се раскажува и тоа што го направи таа, за нејзин спомен.
14 Тогаш еден од Дванаесетмината, кој се вика Јуда Искариотски отиде при првосвештениците и им рече:
15 ”Што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?” А тие му предложија триесет сребреници.
16 И оттогаш бараше згоден случај за да Го предаде.
17 А во првиот ден на Бесквасните лебови, учениците пристапија при Исуса и Го прашаа: „Каде сакаш да Ти приготвиме да јадеш Пасха?”
18 Тој рече: „Отидете во градот при тој и тој човек и речете Му: Учителот вели: Моето време е близу; кај тебе ќе ја празнувам Пасхата со Своите ученици.”
19 И учениците направија како што им заповеда Исус, и ја приготвија Пасхата.
20 А кога се стемни, Тој прилегна со Дванаесетте ученици на трпезата.
21 И додека јадеа, им рече: „Вистина ви велам, дека еден од вас ќе Ме предаде.”
22 И многу се нажалија и почнаа да зборуваат, еден по друг: „Да не сум јас, Господи?”
23 А Тој одговори: „Оној што ќе ја накваси - со Мене - раката во чинијата, тој ќе Ме предаде!
24 И така, Човечкиот Син си оди како што е напишано за Него, но тешко му на оној човек, преку кого ќе биде предаден Човечкиот Син; добро би било за тој човек, ако не беше се родил!”
25 А Јуда, кој Го предаде, во одговор рече: „Да не сум јас, Учителе?” Му кажа: „Ти рече!”
26 А кога јадеа, Исус зеде леб, благослови, го раскрши и им го раздаде на учениците, и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.”
27 Тогаш ја зеде чашата и заблагодари, им ја даде и рече: „Пијте сите од неа,
28 зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите.
29 Но, ви велам, отсега нема да пијам од овој лозов плод до оној ден, кога ќе го пијам со вас нов во Царството на Мојот Татко.”
30 И откако испеаја благодарствена песна, излегоа на Маслиновата Гора.
31 Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните во Мене, во оваа ноќ, зашто е пишано: „Ќе го удрам Пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат!”
32 А по Моето воскресение ќе отидам, пред вас, во Галилеја.”
33 Тогаш Петар одговори и рече: „Ако сите се соблазнат во Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.”
34 Исус му рече: „Вистина ти велам, уште ноќеска трипати ќе се одречеш од Мене, пред да пропее петел.”
35 Петар Му рече: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.” Така рекоа и сите ученици.
36 Тогаш Исус дојде со нив на местото, кое се вика Гетсеманија, и им рече на учениците: „Седете тука додека Јас отидам онаму да се помолам.”
37 И ги поведе со себе Петра и двајцата Зеведееви синови и почна да тагува и да се вознемирува.
38 Тогаш им рече: „Мојата душа е длабоко натажена до смрт; останете тука и бдејте со Мене!”
39 И отиде малку потаму и падна на Своето лице и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како Ти!”
40 И дојде при учениците, и ги најде како што спијат, и му рече на Петра: „Така! Не можевте ли да пробдеете со Мене еден час?
41 Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо!”
42 Пак, повторно отиде и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако не е можно да Ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, нека биде Твојата волја.”
43 И кога дојде пак ги најде како што спијат, зашто очите им беа натежнале.
44 И пак ги остави и отиде да се помоли, по третпат, и ги изговори истите зборови.
45 Тогаш дојде при учениците и им рече: „Само спијте и почивајте. Еве, наближи часот кога Човечкиот Син ќе биде предаден во рацете на грешниците.
46 Станете, да одиме! Ете, наближи Мојот предавник.”
47 И додека Тој уште зборуваше, ете, Јуда, еден од Дванаесетмината, дојде со големо множество, со ножеви и стапови, испратени од првосвештениците и народните старешини.
48 А Неговиот предавник им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам јас - Тој е, фатете Го!”
49 И веднаш се приближи до Исуса и Го целива.
50 А Исус му рече: „Пријателе, зошто дојде?” Тогаш пристапија, положија раце на Исуса и Го фатија.
51 И ете, еден од оние, кои беа со Исуса, извади нож и го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото.
52 Тогаш Исус му рече: „Врати го твојот нож на неговото место; зашто сите, кои се фаќаат за нож - од нож ќе загинат.
53 Или мислиш дека не можам да Го помолам Мојот Татко, и ќе Ми испрати веднаш повеќе од дванаесет легии ангели?
54 Но, како би се исполниле Писмата, дека така треба да биде?”
55 Во оној час, Исус му рече на народот: „Излеговте како на разбојник, со ножеви и стапови, за да Ме фатите. Секој ден седев во Храмот и поучував и не Ме фативте.
56 А ова сè се збидна, за да се исполнат пророчките Писма.” Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.
57 А оние, кои Го фатија Исуса, Го одведоа при првосвештеникот Кајафа, каде беа собрани книжниците и старешините.
58 А Петар врвеше по Него оддалеку до дворот на првосвештеникот, и откако влезе внатре, седна со слугите, за да го види крајот.
59 А главните свештеници и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат, и не најдоа,
60 иако дојдоа многу лажни сведоци.
61 Најпосле дојдоа двајца и рекоа: „Овој рече: ‘Можам да го разурнам Божјиот Храм и да го соѕидам за три дни.’”
62 Тогаш првосвештеникот стана и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?”
63 А Исус молчеше. Првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш дали си Ти Христос, Божјиот Син?”
64 Исус му кажа: „Ти рече! Но, Јас ви велам: отсега ќе Го гледате Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци.”
65 Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Го хули Бога! Зошто ни се потребни уште сведоци? Ете, сега ја чувте хулата?
66 Што мислите?” А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!”
67 Тогаш Го плукаа во лицето и Го удираа со тупаници,
68 а други му удираа плесници, говорејќи: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?”
69 А Петар седеше надвор, во дворот, и една слугинка дојде при него и му рече:”И ти беше со Галилеецот Исус!”
70 А тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!”
71 А кога излезе пред главниот влез, го виде друга и им рече на тие, кои беа таму: „И овој беше со Назареецот Исус.”
72 Тој пак се одрече со заклетва: „Не го знам Човекот.”
73 Малку потоа му се приближија оние, кои стоеја, и му рекоа на Петра: „Навистина, и ти си од нив, зашто и твојот говор те издава.”
74 Тогаш почна да се проколнува и да се заколнува: „Не го знам Човекот.”
75 И веднаш запеа петел. Тогаш Петар се сети на Исусовите зборови што му ги рече: „Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.” И излезе надвор и плачеше горко.
Глава  27                                     
  
  1 А кога се раздени, сите свештенички главатари и народните старешини се советуваа против Исуса, за да Го убијат.
  2 И Го врзаа, Го одведоа и му Го предадоа на управителот Понтиј Пилат.
  3 Тогаш Јуда, кој Го предаде, откако виде дека Го осудија, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и на старешините;
  4 велејќи: „Згрешив, зашто предадов невина крв.” А тие му рекоа: „Што ни е нам? Гледај ти!”
  5 Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.
  6 А првосвештениците ги зедоа сребрениците и рекоа: „Не чини да се остават во храмската благајна, зашто се цена за крв.”
  7 Туку, откако се посоветуваа, ја купија со нив Грнчаревата Нива за гробишта за странци.
  8 Затоа таа нива до денес се вика Крвна Нива.
  9 Тогаш се исполни реченото преку пророкот Еремија; кој вели: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Оценетиот, Кого Го оценија Израелевите синови,
10 и ги дадоа за Грнчаревата Нива, како што ми нареди Господ.”
11 А кога Исус застана пред управителот, и управителот Го праша: „Ти ли си Јудејски цар?” А Исус рече: „Ти велиш”.
12 И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, не одговараше ништо.
13 Тогаш Пилат Му рече: „Зар не слушаш што сè сведочат против Тебе?”
14 И не му одговори ниту на еден збор, така што управителот се чудеше многу.
15 А на секој празник управителот имаше обичај да му пушти на народот еден затвореник, кого што би го побарале.
16 Тогаш имаа прочуен затвореник, кој се викаше Варава.
17 И кога се собраа, Пилат им рече: „Кого сакате да ви го пуштам? Варава ли, или Исуса, наречен Христос?”
18 Зашто знаеше дека Го предадоа од завист.
19 И додека седеше на судиската столица, неговата жена испрати до него да му кажат: „Не прави Му ништо на Тој Праведник, зашто денес многу пострадав, насон, заради Него!”
20 Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исуса да Го погуби.
21 Тогаш управителот во одговор рече: „Кого од двајцата сакате да го пуштам?” А тие рекоа: „Варава!”
22 Пилат им рече: „А што да направам тогаш со Исуса, наречен Христос?” Сите рекоа: „Да биде распнат!”
23 А тој рече: „Какво зло направил?” А тие уште посилно викаа: „Да биде распнат!”
24 А Пилат штом виде дека ништо не помага, туку викотницата станува сè поголема, зеде вода и ги изми рацете пред народот и рече: „Невин сум за крвта на Овој Праведник! Вие гледајте!”
25 И целиот народ одговори и рече: „Неговата крв на нас и на нашите деца!”
26 Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го бичува и Го предаде да Го распнат.
27 Тогаш војниците на управителот Го одведоа Исуса во преторијата и ја собраа целата чета околу Него.
28 Го соблекоа и Го наметнаа со црвена наметка;
29 исплетоа трнов венец и Му го положија на главата и трска во Неговата десница; па коленичеа пред Него и Му се потсмеваа, велејќи: „Здраво, јудејски Царе!”
30 И плукаа на Него, ја зедоа трската и Го удираа по главата.
31 Откако Го исмеаја, ја соблекоа од Него црвената наметка и Го облекоа во Неговата облека и Го одведоа да Го распнат.
32 А на излегување сретнаа човек Киринеец, по име Симон, и го принудија да Му го носи крстот.
33 И кога стигнаа на местото наречено Голгота - што значи: череп,
34 Му дадоа да пие вино, измешано со жолчка, но кога вкуси, не сакаше да пие.
35 А кога Го распнаа, ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка, за да се исполни кажаното преку пророкот: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија жрепка.”
36 И седеа и Го пазеа таму.
37 И Му ставија над Неговата глава натпис за Неговата вина: „Овој е Исус, Јудејски Цар.”
38 Тогаш распнаа со Него двајца разбојници: едниот оддесно, а едниот одлево.
39 А минувачите Го хулеа, вртејќи ги главите
40 и велејќи: „Ти, што го разурнуваш Храмот и што за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси, ако си Божји Син; слези од крстот!”
41 Исто зборуваа првосвештениците, со книжевниците и старешините, потсмевајќи Му се:
42 ”Другите ги спаси, а Самиот Себе не може да се спаси. Тој е Израелев Цар! Нека слезе сега од крстот и ќе Му поверуваме!
43 Тој се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако Го сака, зашто рече: „Божји Син Сум!”
44 А исто така Го навредуваа и разбојниците распнати со Него.
45 А од шестиот час беше темнина по целата земја до деветтиот час.
46 Околу деветтиот час Исус извика со силен глас и рече: „Или! Или! Лама Савахтани!? - тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој! Зошто си Ме оставил?”
47 А некои од оние, кои стоеја таму, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој го вика Илија!”
48 И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во киселина, ја надена на трска, и Му даваше да пие.
49 А другите велеа: „Остави! Да видиме дали ќе дојде Илија да Го спаси!”
50 А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот.
51 И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу, и земјата се стресе, и карпите се распукаа,
52 а гробовите се отворија, и воскреснаа многу тела на упокоени свети;
53 и излегоа од гробовите по Неговото воскресение, влегоа во Светиот Град и се јавија на мнозина.
54 А стотникот и оние, кои со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сè што стана, се уплашија многу и рекоа: „Навистина, Овој беше Божји Син!”
55 А таму беа и гледаа оддалеку многу жени, кои Го следеа Исуса од Галилеја и Му служеа.
56 Меѓу нив беа: Марија Магдалена и Марија, мајката Јаковова и Јосиева, и мајката на Зеведеевите синови.
57 А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик;
58 тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено.
59 И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно
60 и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа. И навали голем камен на гробната врата и си отиде.
61 А Марија Магдалена и другата Марија, седеа таму спроти гробот.
62 А на идниот ден, по подготвувањето, првосвештениците и фарисеите се собраа кај Пилата
63 и му рекоа: „Господаре, се сетивме дека оној измамник, уште додека беше жив, рече: „Ќе воскреснам по три дни.”
64 Затоа, заповедај да биде чуван гробот до третиот ден, за да не дојдат Неговите ученици да Го украдат, и да му речат на народот: ‘Воскресна од мртвите,’ и последната измама ќе биде полоша од првата.”
65 Пилат им рече: „Ене ви стража; отидете и чувајте како што знаете!”
66 Тие отидоа и го обезбедија гробот, го запечатија каменот - со стража.
 Глава  28                                     
  
  1 А по саботата, на осамнување на првиот седмичен ден, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот.
  2 И ете, стана голем земјотрес, зашто Господов ангел слезе од небото, пристапи и го одмести каменот и седна на него.
  3 А лицето му светеше како молња, а неговата облека - бела како снег.
  4 Од страв пред него, стражарите трепереа и станаа како мртви.
  5 Тогаш ангелот проговори и им рече на жените: „Вие не бојте се! Зашто знам дека Го барате распнатиот Исус.
  6 Го нема тука, зашто воскресна, како што рече! Дојдете и видете го местото каде што лежеше,
  7 и отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите и - ете - Тој оди пред вас во Галилеја. Таму ќе Го видите! Ете, ви кажав!”
  8 И тие излегоа веднаш од гробот, со страв и со голема радост, и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици.
  9 И ете, Исус ги пресретна и рече: „Здраво!” А тие се приближија при Него, Му се фатија за Неговите нозе и Му се поклонија.
10 Тогаш Исус им рече: „Не бојте се! Одете и соопштете им на Моите браќа, да отидат во Галилеја; и таму ќе Ме видат.”
11 А кога одеа, ете, некои од стражарите дојдоа во градот и им соопштија на првосвештениците за сè што беше станало.
12 И се состанаа со старешините, и се советуваа, и им дадоа на војниците многу сребреници
13 и им рекоа: „Кажете дека Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа, додека ние спиевме.
14 И ако за ова чуе управителот, ние ќе го убедиме и ќе ве направиме да немате грижа.”
15 А тие ги зедоа сребрениците и постапија, како што ги подучија. И тоа слово се разгласи меѓу Јудејците до денес.
16 А Единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше определил Исус.
17 И штом Го видоа, Му се поклонија, а некои се сомневаа.
18 Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата.
19 Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!
20 И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

 

Превод од англиски: С.Л.

 

 

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата  

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

13/07/2025 - недела

Собор на Светите славни и сефални апостоли; Блажениот принц Петар; Преподобен Георгиј Иверски; (Павловден);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Апостоли свети,молете го Милостивиот Бог,да ни подари прошкана гревовите на нашите души. Иако секој од Светите големи апостоли има свој...

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената,молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема...

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная