Седмица 29-та по Педесетница
Среда
Учениците му укажувале на Бог на убавината на храмот и заветните подароци, а Он рекол: Ќе дојдат дни и од сето ова што го гледате нема да остане ни камен, што не ќе биде урнат (Лука 21,6). Тоа е одлуката за се што е убаво на овој свет. однадвор тоа изгледа тврдо и вековечно, но за ден-два се ќе се изгуби од вид, како ништо и да не било: убавината ќе свене, снагата ќе се истроши, славата ќе потемне, умовите ќе се исцрпат, облеката ќе се искине. Се во самото себе носи сила на распаѓање, која што не е како некое неразвиено семе, туку се наоѓа во непрекинато дејствување. Се тече кон својот крај. Поминува обликот на овој свет..... Човекот чекори како призрак; собира и не знае кому тоа ќе му припадне. А ние се усилено се трудиме, се напрегаме и на нашите главоболки им нема крај. Околу себе среќаваме постојани поуки, а се се држиме до своето. Со еден збор, слепи сме и ништо не гледаме. Да, вистина е кога велиме дека сме слепи и заслепени, затоа што не гледаме крај ниту на себеси ниту на било што што не опкружува и што владее со нас. И што уште? Штом ни е, како што ни изгледа нам, добро, уверени сме дека стоиме тврдо, како на стена. Меѓутоа нешата положба повеќе подсеќа на стоење на мочуришен терен: ние само што не сме пропаднале. Меѓутоа ние тоа не го чувствуваме, и се предаваме на безгрижното насладување со она што поминува, како секогаш да ќе постои. Се молиме Бог да ни отвори умни очи за да увидиме се онака како што е, а не како што нам ни се чини.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (05.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.