логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


30.12.2010 год.

(четврток)

 КОН СОВЛАДУВАЊЕ НА НОВО-ЗАВЕТНИОТ ПРЕДИЗВИК

Со почетокот на Божикниот пост, да го започнеме заедно и подвигот на читање на Новиот Завет, следејќи го 40 дневниот распоред.

33-ден

33 ден: Филипјани и Колосјани

Филипјани
1 | 2 | 3 | 4

Глава  1                                     
 1 Од Павле Тимотеја, слуги на Исуса Христа, до сите светии во Исуса Христа, што се во Филипи, со епископиите и ѓаконите:
  2 благодат и мир на вас од Бога, Отецот наш и од Господа Исуса Христа!
  3 Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас;
  4 во секоја моја молитва се молам за радост за сите вас,
  5 односно за вашето учество во Благовестието од првиот ден дури досега,
  6 уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го заврши до денот на Исуса Христа,
  7 како што е и право да го мислам тоа за сите вас, пто ве имам на срце - и кога сум во окови, и кога го бранам у утврдувам Благовестието, бидејќи сите вие сте ми соучесници во благодатта.
  8 Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа.
  9 И се молам вашата љубов се повеќе да изобилува преку познавањето и разбирањето на се,
10 за да разликувате што е подобро, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христа,
11 исполнети со плодови на правдата преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога.
12 Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми станаа, ми помогнаа за поголем успех на Евангелието,
13 така што моите окови во Христа станаа познати на целата преторија и на сите други;
14 и повеќето од браќата на Господа, поттикнати од моите окови, почнаа посмело, без страв, да го проповедаат словото Божјо.
15 Некои, навистина, од завист и препирки, а други од добра волја да Го проповедаат Христа;
16 едните, од желба да се препираат, Го проповедаат Христа нечисто, мислејќи дека ја увеличуваат тежината на моите окови;
17 другите, пак, проповедаат од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.
18 Но што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се проповеда; затоа се радувам и ќе се радувам,
19 оти знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исуса Христа,
20 како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се посрамам, но при секоја слобода, како и секогаш, и сега ќе се возвеличи Христос во моето тело - било прелу животот, било преку смртта.
21 Оти за мене живот е Христос, а смртта- придобивка.
22 Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плот делото, тоа што да сакам повеќе, не знам.
23 Ме привлекува и едното и другото: сакам да умрам и да бидам со Христа, бидејќи тоа е многу подобро;
24 но да останам во тело е подобро за вас.
25 Јас знам сигурно дека ќе остнам и дека ќе пребивам во сите вас за ваш успех и радост во верата,
26 та пофалбата ваша во Христа Исуса да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам при вас.
27 Живејте само достојно на Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или отсуствувам, да чујам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се однодушно за евангелската вера,
28 и во ништо не плашете се од противниците; тоа е знак на нивната погибел, а вам - за спасение. И тоа е од Бога.
29 Оти вам ви се даде дар поради Христа не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,
30 борејќи се со истиот подвиг, каков што видовте во мене и сега слушате за мене.
 
  
Глава  2                                     
  1 И така, ако во Христа има некаква утеха во љубовта, ако и има општење со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание.
  2 исполнете ја радоста моја: бидете со едни мисли, имајќи една и иста љубов, и битете еднодушни и едномислени;
  3 не правете ништо од љубов кон препирање или празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себе си!
  4 Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!
  5 Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос,
  6 Кој, иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога;
  7 но Сам Себе се понизи, откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето; и по вид се покажа како човек;
  8 Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст.
  9 Па затоа Бог високо го издигна и Му даде име, што е над секое име,
10 та во името на Исуса да ги преклони колената на се што е небесно, земно и подземно,
11 и секој јазик да проповеда дека Исус Христо е Господ, за слава на Бога Отецот.
12 Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го вашето спасение,
13 оти Бог е Оној, Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.
14 Правете се беа ропот и двоумење,
15 за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји среде лош и расипан род, во кој светите како светила во светот,
16 имајќи го во себе словото на животот, за моја пофалба во денот Христов, дека не залудно трчав и не залудно се трудев.
17 Но, ако и се принесувам како жртва и за служба на вашата вера, се радувам сам и се радувам со сите вас.
18 Така исто радувајте се и вие и зарадувајте ме!
19 А се надевам во Господа Исуса дека наскоро при вас ќе го пратам Тимотеја, та и јас, откако разберам како сте, да се утешам со духот.
20 Бидејќи немам никого еднаков со моите мисли, кој толку искрено би се грижел за вас,
21 оти сите си го бараат своето, а не она на Исуса Христа;
22 а неговата исправност ви е позната: тој, како син кон татко, слегуваше заедно со мене при благовестувањето.
23 Него, пак, се надевам дека ќе го испратам веднаш, штом ќе узнаам, што ќе стане со мене;
24 а се надевам во Господа оти и сам ското ќе дојдам при вас.
25 Најдов за потребно при вас да го испатам братот Епафродит, мој сотрудник и другар во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои,
26 бидејќи тој копнееше да ви виде сите вас и многу жалеше што сте чуле дека бил болен.
27 Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само него, туку и мене, за да не ми се натовари жал врз жал.
28 Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видете пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.
29 Примете го, пак, во Господа со секаква радост, и такви почитувајте,
30 бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, откако го презре својот жибот, за да го пополни недостигот на вашата служба кон мене.
 
Глава  3                                     
 1 Но, браќа мои, радувајте се во Господа! Оти се едно исто да ви пишувам, мене не ми е здодевно, а за вас тоа е сигурност.
  2 Пазете се од кучињата, пазете се од лошите работници, пазете се од лажно обрезување,
  3 зашто вистинското обрезување сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се фалиме со Христа Исуса, и не се надеваме на телото,
  4 иако јас можам да се надевам и на телото. Ако некој друг мисли да се надева на телото, тогаш уште повеќе јас,
  5 кој сум брезан во осмиот ден, од родот Израилев, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по закон фарисеј,
  6 по ревност - гонител на Божјата црква, според правдата на Законот - непорочен.
  7 Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христа го сметав за штета.
  8 Затоа сметам дека и се друго е штета спрема преважното признавање на Христа Исуса, мојот Господ, поради Кого се одреков од се, и се сметам за отпад, само за да Го придобијам Христа
  9 и да се најдам во Него, не со својата од Законот праведност, туку придобивката преку верата во Христа, односно со праведноста од Бога преку верата;
10 за да Го познавам Него, и силата на Неговото воскресение, и учество во Неговите страдања, грижејќи се својата смрт да биде слична на Неговата,
11 та некако да го достигнам воскресението на мртвите.
12 Велам рака не затоа што веќе достигнав совршенство, или дека неќе постигнав совршенство, туку се стремам не би ли го достигнал она за кое Христос ме достигна Мене.
13 Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,
14 трчам кон целта - кон наградата на горното призвание од Бога во Исуса Христа.
15 Ние, кое сме, пак, совршени, мислиме така; ако, пак, нешто инаку мислите, Бог и тоа ќе ви го открие.
16 А по она, до кое достигнавме, да бидеме едномислени и по истото правило да следуваме.
17 Подржавајте ме, браќа, мене и гледајте ги оние, што постапуваат според образецот, каков имате во нас.
18 Оти мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на крстот Исусов;
19 нивниот крај е погибел, нивниот бог - стомакот, а славата - во нивниот срам; тие мислат за земните работи.
20 А нашето живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос,
21 Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така, што ќе стане подобно за Неговото славно тело, со силата, преку која што Он може да потчинува под Себе се.
Глава  4                                     
 1 И така, браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стојте тврдо во Господа, возљубени!
  2 Ја молам Едовија, ја молам и Синтихаија да бидат едномислени во Господа;
  3 а те молам и тебе, искрени сотрудниче, помагај им ним, кои што се грижеа за Благовестието заедно со мене и со Климента и со другите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот.
  4 Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
  5 Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
  6 За ништо не грижете се, туку во се преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања,
  7 и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа.
  8 А поматаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродател, што е за пофалба, само на тоа мислете!
  9 И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го, - Бог на мирот ќе биде со вас!
10 Јас се зарадував необично многу во Господа, заштоа што вие одново почнавте да се грижите за мене, но немавте згодно време.
11 Ова го велам не поради немање, бидејќи се задоволувам со она што го имам.
12 Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на се и секако, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум, и во немање.
13 Се можам преку Исуса Христа, Кој ме препи.
14 Покрај сето тоа, добро направивте што зедовте утеха во мојата скрб.
15 А знаете и вие, Филибјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас;
16 зашто и во Солун, еднаш, и по втор пат, ми пративте нужни работи.
17 Ова ви го велам и не сакам да ми давате, туку го барам плодот, кој се умножува во ваша полза.
18 Добив се и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епафроид, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога.
19 Мојот Бог, по своето богатство, нека ја ползува секоја ваша потреба, за слава преку Христа Исуса.
20 А на Бога, нашиот Отец, слава во веки веков. Амин!
21 Поздравете го секој светија во Христа Исуса! Ве поздравуваат браќата што се со мене.
22 Ве поздравуваат сите светии, а особено оние што се од домот ќесарев.
23 Благодатта на нашиот Господ Исуса Христа нека биде со сите вас. Амин!
 
Колосјани
1 | 2 | 3 | 4
Глава  1                                     
1 Од Павла, по волјата Божја апостол на Исуса Христа, и братот Тимотеј,
  2 до светиите и верните браќа во Исуса Христа што се во Колоси: благодат на вас и мир од Бога нашиот Отец и Господ Христа!
  3 Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас,
  4 бидејќи чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта ваша, која ја имате кон сите светии,
  5 поради надеж на она што ви е определено на небесата, за кое порано чувте од вистинското слово на Благовестието,
  6 кое што е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден, кој ја чувте и познавте вистински Божјата благодат.
  7 Како што и узнавте од Епафрас, нашиот возљубен сотрудник, кој е верен слуга Христов заради вас,
  8 и кој не извести за вашата љубов во Духот.
  9 Затоа и ние од оној ден, кога го чувме тоа, не престануваме да се молиме и да сакаме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10 та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во се, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познавањето на Бога,
11 укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и големодушност со радост,
12 благодарејќи Му на Бога иОтецот, Кој не направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината;
13 не избави од власта на темнината и не воведе во царството на Својот возљубен Син,
14 во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите,
15 и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар;
16 бидејќи преку Него е создадено се што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти - се е преку Него создадено.
17 Он е пред се, и се преку Него се држи.
18 И Он е глава на телото, односно на Црквата; Он е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во се.
19 Бидејќи во Него влаговоли Отецот да има секаква полнота,
20 и преку Него да измири се со Себе, било земно, било небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21 И вас, кое негогаш бевте отстранети од Бога, и Неговите непријатели поради помислите кон лошите дела,
22 сега ве помири во телото на Неговата плот, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,
23 само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи во надежта на Евангелието, што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
24 Сега се радувам во своите страдања за вс и го пополнувам недостигот од Христовите маки во мојата плот за телото Негово, кое е Црквата.
25 Нејзе и станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26 тајната, сокриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,
27 ма кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна на незнабожците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.
28 Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги на секоја мудрост, та сите нив да ги претставиме совршени во Христа Исуса;
29 затоа и се трудам и молам според Неговата сила, која моќно дејствува во мене.
 
Глава  2                                     
 1 Сакам да знаете, во каква голема борба сум заради вас и заради оние, што се во Лаодикеја и во Јерапол, и поради сите, кои што не ме видоа лично,
  2 за да се утешат срцата ваши нивни, та, соединети со љубов за секое збогарување со совршено разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христа,
  3 во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето.
  4 А ова ви го велам за да не ве измами некој со примамливи зборови;
  5 оти, ако и да сум отсутен со телото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и вашата тврда вера во Христа.
  6 Поради тоа, како што Го примивте Господа Исуса Христа, така и одете по Него,
  7 вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, исобилувајќи во неа со благодарност.
  8 Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа;
  9 оти во Него телесно живее секоја полнота на Божеството,
10 и вие да имате полнота во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
11 во Него сте и обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;
12 откако се погребавте во Него во крштевањето, бо кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
13 И вас, кое бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Он заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;
14 а тоа стана, кога Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот;
15 и, откако ја одзеде силата на началствата и властите, Он ги изложи јавно на позор и ги победи на него.
16 Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или сабота;
17 тоа е сенката на иднината, а телото е Христос.
18 Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, гордеејќи се залудно со својот телосен ум,
19 и не се придружува кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење според Бога.
20 И така, ако вие со Христа умревте за световните стихии, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот:
21 “не се фаќај, не вкусувај, не пипај!”
22 Сите тие се определени на пропаѓање - кога се управуваат според човечките заповеди и учења.
23 Тие имаат само вид на мудрост во своеволното благочестие, а во смиреномудроста и во нештедењето на телото тие никако не се грижат, освен за наситување на телото.
 
Глава  3                                     
 1 И така, ако сте воскреснале заедно со Христа, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно од Бога:
  2 мислете на небесното, а не за земното.
  3 Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христа во Бога.
  4 А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш е вие ќе се јавите со Него во слава.
  5 Затоа умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистотијата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство!
  6 Поради тие пороци иде гревот Божји врз синовите на непослушноста,
  7 меѓу кои некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци.
  8 А сега и вие отфрлете се од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста!
  9 Не лажете се еден со друг, откако веќе го облековте стариот човек со неговите дела,
10 и се облековте во новиот, кој се обновува во познанието, според образот на својот Создател,
11 каде што нема ниту Елини, ни Јудејци, ни обрезание, не обрезание, не верварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а се и во се е Христос.
12 И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се со милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост;
13 трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!
14 А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството,
15 и мир Божји да завладее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!
16 Словото Христово изобилно нека се всели во нас; во декоја премудрост да се учите и да се советувате еден со друг во псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодарност во срцата ваши!
17 И се то вршите со збор или со со дело, вршете го во името на Господа Исуса Христа, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!
18 Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во името на Господа!
19 Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не горчувајте ги!
20 Деца, на родителите свои бидете им послушни во се, зашто тоа Му е благоугодно на Господа!
21 Татковци, не дразнете ја челадтта своја, за да не паѓаат со духот!
22 Вие, робовите, во се бидете им послушни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како да им угодувате на луѓе, туку со простота на срцето, боијќи се од Бога!
23 И се, штп правите, правете го од душата, како за Господа, а не за луѓе,
24 знаејќи дека како награда ќе добиете од Господа наслество, бидејќи на Господа Христа Му служите.
25 А кој врши неправда, е добие според неправдата своја; и нема да се гледа кој е кој.
 
Глава  4                                     
 1 Вие, господарите, спрема робовите свои бидете справедливи и давајте им го она што е правично, кога знаете дека и вие имате Господар на небесата!
  2 Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност!
  3 Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,
  4 та да ја откријам, како што треба да зборувам!
  5 Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето!
  6 Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!
  7 Што се однесува до мене, се ќе ви соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и сотрудник во Господа,
  8 кого нарочите поради тоа го испратив при вас, за да разберете како сте и да ви ги утеши срцата ваши,
  9 заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви раскажат се што станува овде.
10 Ве поздравуваат Аристарх, које затворен со мене, и Марко, внукот на Варнава - за кого добивте заповед: ако дојде при вас, примете го.
11 Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми без утеха.
12 Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исуса Христа, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја.
13 Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаосикеја и Ерапол.
14 Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас.
15 Поздравете ги браќата во Лаодикија, и Нимфана, и неговата домашна црква!
16 Откако ова послание се прочите при вас, направете да се прочите и во Лаодикијската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.
17 Кажете му на Архип: “Гледај ја службата, што си ја примил во Господа, да ја извршуваш!”
18 Своерачен потпис од мене, Павла. Помнете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин!

 

 

http://preminportal.com.mk/content/view/7250/54/

Превод од англиски: С.Л.

(Светото Писмо во електронски облик е преземено од веб-страницата   http:

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

13/07/2025 - недела

Собор на Светите славни и сефални апостоли; Блажениот принц Петар; Преподобен Георгиј Иверски; (Павловден);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Апостоли свети,молете го Милостивиот Бог,да ни подари прошкана гревовите на нашите души. Иако секој од Светите големи апостоли има свој...

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената,молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема...

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная