логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

 

 

 

 

 

Сладост и бол

 

 Рече Господ: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејки сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Матеј 11, 28-30).

На почетокот, Христовиот јарем и Христовото бреме – исполнувањето на Неговите заповеди – ни изгледаат и навистина се тешки, затоа што сме наследници на последиците од Адамовиот пад, затоа што сме заробени од страстите; а потоа, како што го чистиме срцето од заробеноста од страстите и како што нашиот подвиг преминува од претежно аскетски во претежно благодатен, гледаме дека Неговиот јарем е навистина благ и бремето Негово е навистина лесно. И обратно, демонската понуда за задоволување на страстите – демонскиот јарем и бреме – на почетокот изгледа примамлива и лесна за спроведување во дело (како соодветна на човековата падната природа), но со нејзиното прифаќање и остварување човекот само продолжува да ги храни сопствените страсти и на тој начин останува заробеник на гревот и демонот, на неуспехот, на несреќата и болеста, а на крај и на смртта.

Зошто е тоа така, деца? Зошто се страстите толку примамливи и зошто изгледа толку лесно да се спроведат во дело? Одговорот е многу едноставен: нѐ мотивира чувството на сладост што се случува при нивното задоволување. Задоволувањето на страстите предизвикува сладост без оглед на тоа дали се работи за интелектуална или душевна или телесна сладост. И не е важен толку само истиот момент на доживувањето на сладоста, колку што човек ужива и во временскиот период во кој на кој било начин се подготвува да ја задоволи својата страст. При задоволувањето на некои страсти сладоста може да трае и подолг период после нивното конкретно остварување. Такви се на пример интелектуалните и душевните страсти. Првите се однесуваат на задоволувањето на страста славољубие – гордоста, суетата, високото мислење за самите себе (мнението), желба за власт итн., а вторите се однесуваат на задоволување на страста среброљубие – пари, имот итн.

Како што забележавте, деца, правиме разлика помеѓу погрубите страсти, како што е сластољубието – сè што е во врска со задоволување на телото, и посуптилните, како што е среброљубието и славољубието. И треба да се прави таа разлика затоа што, вообичаено, подготовката, задоволувањето и сладоста од страста сластољубие трае кратко; додека, вообичаено, подготовката, задоволувањето и сладоста од страстите славољубие и среброљубие трае подолго. Треба да се прави разлика и од други причини, како на пример: погрубите страсти се позабележливи, а посуптилните понезабележливи итн., итн.; но, за тоа другпат.

Што е битно да се знае? Битно е дека после задоволувањето на секоја страст, согласно духовниот закон, следува болка; и душевна и телесна. Кај суптилните страсти најчесто болката ќе стигне покасно, а кај погрубите страсти најчесто болката ќе стигне побрзо, на пример: ако се прејадеме, ќе нè боли стомак, или ако се опијаниме, ќе нè боли глава; така што, сладоста трае кратко, ама болката – подолго. Да не навлегуваме сега во детали и во расудување зошто е тоа така, доволно е само да се запамти дека после задоволување на секоја страст следува болката, и душевна и телесна.

Болката, пак, настанува – наједноставно  објаснето – затоа што ги исполнуваме демонските желби, а ги нарушуваме заповедите Божји и остануваме без благодатта Божја. Прво остануваме без благодатта во умот и во душата, а потоа и во телото. Прво ќе ги разболиме умот и душата, а потоа болката ќе ја почувствуваме и во телото. Опасноста, како што можете и сами да заклучите, е поголема кај задоволувањето на посуптилните страсти отколку кај погрубите. Кај погрубите страсти обично веднаш можеме да ја почувствуваме болката телесно и, освестени, побрзо да го исправиме нашиот живот; додека пак, кај посуптилните страсти, појавувањето на болката најчесто ќе го доживееме како веќе посложен проблем, а некој пат и како веќе касно. Тоа е така затоа што не сме духовно освестени и не можеме навреме да го почувствуваме отсуството на благодатта од нашиот ум и душа, како и болката што тоа отсуство ја причинува.

Зошто е толку битно присуството на Божјата благодат во нас? Како што правилно забележал еден православен теолог: Човековата природа не само што не е непричесна и спротивставена на благодатта туку напротив, таа ја претпоставува благодатта и живее нормално само со помош на благодатта Божја. Божествената благодат не е за неа некој вид на одвишок (donum supranaturalis на схоластичарите), со кој таа може да живее, но без кој исто така би можела да живее, од својата чиста природа (natura pura). Напротив, за православната антропологија божествената благодат е токму вистинскиот живот на човековата душа и на целата негова природа, до таа мера што ако ѝ се одземе тој живот, душата постепено умира, се умртвува. Човекот на којшто му е оневозможен животот во благодатта на Светиот Дух, станува мртов, преоблечен е во облеката на смртноста, пропадливоста и трулежноста. Би додале, и душевно и телесно.

Од друга пак, страна, и најмалата болка којашто ќе ја претрпиме заради Богочовекот Христос и заради исполнувањето на Неговите заповеди ќе ни донесе духовна и неминлива сладост и здравје. Доволно сте опитни и паметни да не морам да ви го објаснувам претходно кажаното. Но, што е од исклучителна и животна важност за нас, како монаси, ако веќе знаеме дека очистувањето на нашето срце од страстите и добивањето на дарот на молитвата на срцето е императив на нашиот монашки призив и подвиг? Ние мора да си причиниме распнување и болка на нашиот ум и негово погребување во срцето, во подвигот на љубовта кон нашиот Бог, ако сакаме да ја доживееме непрестајната сладост на благодатта Божја, односно ако сакаме да го доживееме преобразувањето и воскресението на нашиот ум и гледањето на несоздадената Божја слава и светлина.

За распнувањето и воскресението на умот сум ви зборувал многупати досега. Сега сакам само уште еднаш да ве потсетам дека распнувањето или страдањето на умот заради љубов кон Богочовекот Христос е севкупен подвиг, а не само некаква молитвена техника на собирање на умот во срцето. Практикувањето на техника на умносрдечна молитва без подвиг на аскетско покајание и солзи и без подвиг на целосрдечно (апсолутно – да не го подзаборавите зборот) послушание е прелест.

Деца, Богочовекот Христос, преку Пресвета Богородица а по молитвите на свети Наум, да ни дарува преку распнување на умот, душата и телото и преку болката што притоа ќе ја претрпиме, при исполнувањето на Неговите заповеди, непрестајна сладост – не на ветениот Рај или вечниот живот и на сите вечни убавини, добра и ветувања што се спомнуваат, туку на гледањето на Неговото лице и лицето на Неговата Пречиста Мајка во вековите на вековите. Амин. 

 

Митрополит Струмички Наум


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная