На празникот на Воведението на Мајката Божја во светиот храм, во црквата  „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужена Света Божествена Литургија.  Со Литургијата чиононачалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на бројно свештенство на епархијата.

 На овој голем христијански празник, Митрополитот Повардарски благоволи и ги произведе, ѓаконот Александар Попов од Кавадарци во чин свештеник, и свршениот богослов Драган од Велес во чин чтец. Во превечерјето на празнувањето, беше отслужена Вечерна Богослужба во истиот храм во Велес, на која беше отслужен Акатист кон Пресвета Богородица.
 
 
Повеќе
Посети:{moshits}