Што да ти принесеме, Христе, за тоа што заради нас како човек се јави на земјата? Секое Твое создание Ти принесува благодарење: Ангелите- песна; небесата- sвезда; мудреците- дарови; пастирите- чудење; земјата- пештера; пустината- јасли, а ние- Мајка Дева. Боже, Кој постоиш пред вековите, помилуј не.
Во чест на празникот на Собор на Пресвета Богородица, во катедралната црква на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, денес, 08. 01. 2011 година Божествена Литругија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на бројното свештенство на Скопската епархија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови. По завршувањето на Божествената Литургија Архиепископот освети поголем голем број на икони насликани од зографот Никола Цоневкои, а како дар од неколку верни семејства за храмот Рождество на Пресвета Богородица.
По Литургијата
„Ние можеме да разговараме за Вранишковски но, никогаш со Вранишковски. Вранишковски е завршена личност за МПЦ и со него нема никогаш да разговараме. И ова што го донесе како одлука Апелациониот суд во Софија е само потврда на она дека навистина е чудно и би рекол дека секогаш добиваат поддршка отпадниците, предавниците, изродите“, изјави Г.Г.Стефан.
„Некој сака да ја искриви вистината, суштината и светоста на бракот. Она што на западот станува нормално, а не е така да не ни се случува на нас“, додаде Г.Г. Стефан.
Преминпортал
Лето Господово 2011