"А мене да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос." вели свети апостол Павле (Гал. 6:14).
Скопје, 7февруари 2011 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски
Тропар, глас1:
Пастирскиот кавал на твоето богословие, ги победи трубите на реторите; а кога безната на Духот ја испита, и убавината на говорот ти се даде изобилно. Но, моли Го Христа Бога, отче Григорие, да се спасат душите наши.
Кондак, глас 3:
Славен (Григорие), кој со својот богословски јазик ги разурна трубите на реторите, ти ја украси Црквата со облеката на православието, исткаена одозгора. Неа носејќи ја, таа вика со нас твоите чеда: Радувај се, отче, прекрасен уму на богословието.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 88)
Рече Господ во приказна: „Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ,3аштити ме од мојот противник!’ Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: ,Иако од Бога не се бојам и од луѓето не се срамувам, но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа веќе и да не ми додева.’“ И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! Та Бог ли нема да ги заштити Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави? Ви велам, ќе ги заштити набргу.
На 7 февруари 2011 година, во 37-тата недела по Педесетница, на празникот на свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски и светата маченичка Фелицита и нејзините седум синови, во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица , во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
Крштевка во храмот Рождество на Пресвета Богородица. Скопје (06.02.2011)
Св. Григориј Богослов, мисли напишани во едностишие
Од Верскиот календар на МПЦ (07.02.2011)