Krvodaritelna.akcija.jpg

Крводарителска акција по повод  празникот на св. Трифун
 


Општинската организација на Црвен крст Кисела Вода – Скопје, во соработка со општините Кисела Вода и Центар и Институтот за трансфузиологија на Р.М., по повод верскиот празник на св. Трифун, традиционално, по трет пат организираат голема крводарителска акција.

Goran.sv.Erotej.jpg
Акцијата ќе се одржи во сала на црквата “Св. Петка” во Кисела Вода на 13.02.2011 година (Недела) во периодот од 11:00 до 16:00 часот.
Во пресрет на големиот празник, градоначалниците на општините Кисела Вода и Центар за сите хумани граѓани, кои ќе земат учество во акцијата и ќе даруваат крв, обезбедија пригодни подароци.

 

Krvodaritelna.akcija1.jpg

Преминпортал

Лето Господово 2011