12. 02. 2011 - храм Свети Соас во населбата Маџари , во Скопје.
На 12. 02. 2011 година , во триесет и седмата недела по Педесетница, кога го славиме споменот на Тројцата Свети архиереи, и светиот свештеномаченик Иполит, во храмот Свети Спас, населбата Маџари, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верениот народ се причести со Светите Тело и Крв Христови.
Тројцата Свети архиереи
Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен. Еднаш однекаде настана расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Едни го воздигнуваа Св. Василиј заради неговата чистота и храброст, други Св. Григориј за недостижната длабочина и висина на умот во богословието; трети воздивнуваа по Свети Јован со неговата чудесна благоглаголливост и јасност во изложувањето на верата. И така едни се нарекуваа василијани, други григоријани, а трети јованити. По Божја Промисла овој спор беше решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители. Евхаитскиот епископ Јован (под 14 јуни) имаше едно видение во сон, имено: прво му се јави секој од овие светители во голема слава и неискажлива чудесност, а потоа сите тројца заедно. Тогаш му рекоа: „Ние сме едно во Бога, како што гледаш, и кај нас нема ништо противречно, ... ниту има меѓу нас некој кој е прв или втор“. Светителите го посоветуваа епископот да им напише една заедничка служба и да им се одреди еден заеднички ден за празнување. Со ова прекрасно видение спорот се реши на тој начин што 30 јануари се одреди како заеднички празник за тројцата Свети Архиереи.
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 62)
Рече Господ на Своите ученици: „Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат. А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот. Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето. Како човек, кој заминувајќи, ја остава куќата своја и им дава власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповеда да биде буден. Бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро; па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете. А што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: ,Бидете будни!’“
Преминпортал
Лето Господово 2011