Вторник (1.недела од постот)
Се чита за создавањето, првобитната состојба, за падот и ветувањето за спасение во нашиот Господ Исус Христос. Внимавај и поучувај се! Сега за тебе е време за твојата преобразба. Припадни кон Господа, - и Он ќе ти даде светлина, која ќе ја просвети твојата темнина гревовна, ќе постави тврдина меѓу метежните мисли твои и желби на гревољубивото срце твое - добра намера за тврдо и незастранувано да му му служиш Нему., ќе устрои суша и море, на се ќе му даде во тебе свое место.. Тогаш ќе почнeш да раѓаш, во почетокот трева, дрвја и зеленчук – зародиш на доблестите, а потоа живи суштества - совршени духовни и богоугодни дела, додека, конечно, во тебе не се обнови образот и подобието Божјо, кое си го имал на почетокот. Сето ова ќе ти го стори и Господ за овие шест дена од твоето духовно дејствување, ако ти го правиш ова со внимание, со страв Божји и смирено срце.
Икона на денот
Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.