логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во втората недела од Великиот пост посветена на свети Григориј Палама – заштитникот на Струмичката епархија, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј во Струмица. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Тело и Крв Христови.

Целосност и исцеление

            Нашиот подвиг треба да биде целосен и нашето исцеление треба да се одвива целосно. Обичната исповед на гревовите не ни носи суштинско простување. Суштинско простување ни носи само исцелението од страстите. Духовното раководство и личниот подвиг кон очистување од страстите се многу поважни од само формалната исповед. За да го објаснам и освестам ова, ќе ви кажам како треба правилно да се исповедаме и како правилно да го насочиме нашето покајание. Исповедта според следните четири точки ќе ја обезбедува целосноста на нашиот подвиг на покајание и на нашето исцеление:

            1. Дали го нарушуваме подвигот на туѓинување?

            На исповед треба да кажеме дали и како сме го нарушиле подвигот на туѓинување. Под ова подразбираме, на пример: недозволена употреба или злоупотреба на мобилен телефон, компјутер и интернет, телевизор; потоа, читање весници и други световни списанија, како и своеволен интерес за световни, но и за манастирски случувања; и на крај, започнување или одржување на врски со луѓе од светот надвор од послушанието.

            Знаете дека подвигот на туѓинување е особено важен до добивањето на дарот на умносрдечната молитва. Додека да го добиеме тој голем Божји дар, треба да сме како мртви за случувањата во светот. За напуштањето на подвигот на туѓинување, откако веќе сме дошле во манастир, а пред да го добиеме дарот на молитвата во срцето, се однесуваат следните Христови зборови од Евангелието: „Никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за Царството Божјо“ (Лука 9, 62).

            Оној што отпаѓа од подвигот на туѓинување, отпаѓа и од монашкиот подвиг. Подвигот на туѓинување, прилагодено, важи и за сите христијани.

            2. Дали го држиме умот во процес на исцеление, преку слепо (апсолутно, целосрдечно) послушание кон духовниот отец и, во рамките на тоа послушание, послушен кон сите?

            Од што е болен нашиот ум? Од гордост. И да се потсетиме: Мнозина од луѓето можат да бидат и сиромашни, или болни, или необразовани или на кој било начин да изгледаат унижени во овој свет, а сепак можат да бидат окарактеризирани како горди. Својство на гордоста е да го прави нашиот ум критериум на сè видливо и невидливо. Тоа се случува кога за сето она што човек го гледа, слуша, чита, чувствува, допира, размислува, па дури и за сето она што му го открива верата, ако за сето тоа, велам, човек како критериум го има само и само својот паднат ум и никој и ништо друго. Како тој ќе го прими сето тоа, како тој ќе го сфати, како тој ќе си одлучи и заклучи – тоа е така и никако поинаку. Во тоа се состои основната пројава на гордоста на умот. Но, гордоста може да се пројави и како високо мислење за самите себе и како безобразна борба за човечка власт и слава (славољубие), а тоа, пак, зависи од околностите во кои се наоѓаме. Малку нешто повеќе да имаме, или да сме понадарени од другите – еве ти ја гордоста и во нејзините демонски димензии.

            Целта на подвигот на послушание е да се задржи умот во процес на исцеление. Умот се наоѓа во процес на исцеление кога слободно ќе се откаже од правото и од својството тој да биде критериум и тој да одлучува за сѐ, и кога тоа право ќе му го пренесе на друг ум. Другиот ум е секако умот на духовниот отец.

            Ваквиот подвиг трае сѐ до добивање на дарот на умносрдечната молитва. Монахот кој го напушта подвигот на послушание, пред добивање на дарот на молитвата на срцето, веќе не е монах. Подвигот на послушание, прилагодено, важи и за сите христијани.

            3. Дали ги држиме сите душевни сили во процес на исцеление преку барање Божја а не човечка правда?

Срцето е центар на човековото битие. Во него се наоѓа суштината на умот, како словесна сила на душата. Со срцето се суштински поврзани и желбата и волјата, како бесловесни сили на душата. И овие сили исто така треба да ги држиме во постојан процес на исцеление, а не само умот. Како? Нашите несвесни реакции во одредени ситуации, кои се плод на нашата заробеност од страстите, треба да ги замениме со свесно исполнување на заповедите Христови. Наместо човечката треба да ја бараме Божјата правда.

Што е барање на Божја правда, а што е барање на човечка правда?

Барање на Божја правда е кога во секој момент од нашиот живот се трудиме да живееме како што Богочовекот Христос живеел и како што Он ни заповедал да живееме. На пример, ја бараме Божјата правда кога во моментот на некое искушение, кога некој со нешто нè повредува, после нашата прва несвесна и острастена реакција, застануваме, се анализираме себеси и си велиме: „Колку сум јас сега различен од Христос. Дали Христос во мојата ситуација би ги имал тие чувства, тие мисли, дали би ги кажал тие зборови, дали би го направил тоа што јас сега го правам..?“ Секако, одговорот е „не“. На тој начин секогаш ги наоѓаме гревот и вината во нас – во нашата несличност со Христос.

Барање на човечката правда е кога критериум на нашиот живот станува човекот – неговиот живот, неговите морални вредности, неговите закони и неговата правда. На пример, ја бараме човечката правда кога во моментот на некое искушение, кога некој со нешто нè повредува, откако нашите чувства кон него веќе се променети на лошо, си велиме: „Гледај што ми прави, а јас ништо лошо не му направив!? Зошто ми враќа со зло на сите мои добрини кон него. Сега, ќе види он, како јас ќе му вратам за тоа зло!“ И кога според тоа постапуваме. На тој начин секогаш вината и гревот ги лоцираме во другиот – во неговото непостапување според нашето очекување и нашиот критериум за добро.

            Страшно е кога после несвесната острастена реакција и понатаму свесно продолжуваме да дејствуваме грешно, барајќи човечка правда, односно на злото враќаме со зло, а не ја бараме Божјата правда. Значи, со свесен и волев напор треба да ја пренасочиме нашата енергија, односно сите наши сили – и умот и волјата и желбата – во творење добро, во враќање на злото со добро, во барање на Божјата правда. Голема помош при овој подвиг ќе имаме ако се потсетиме дека оној што ни прави зло е всушност наш добротвор затоа што ни открива колку е валкано нашето срце.

            Целта на подвигот на исполнување на Божјата правда е да се задржат сите наши сили во процес на исцеление. Ваквиот подвиг трае сѐ до добивање на дарот на умносрдечната молитва. Подвигот на барање, односно на исполнување на Божјата правда, без какво било прилагодување, важи, како за монасите така и за сите христијани. Затоа што без него не можеме да се наречеме ни христијани, а камоли монаси.

            4. Дали умот ни е расеан или собран при подвигот на молитвата?

            Дали ќе имаме собрана или расеана молитва зависи од тоа дали го исполнуваме подвигот на туѓинување, послушание и исполнување на Божјата правда, или не. Ако го исполнуваме подвигот, и молитвата ќе ни биде собрана; ако ли не, молитвата ќе ни биде обессилена од демонските помисли. Расеаноста треба да се исповеда и треба да се пронајдат причините за тоа. И да се отстранат, преку покајание.

            Зошто за туѓинувањето, послушанието и исполнувањето на Божјата правда зборувам како за еден подвиг? Затоа што тие, во суштина, се еден подвиг: кој го напушти туѓинувањето, го напушта послушанието и ја напушта Божјата правда; кој го нарушува послушанието, го нарушува туѓинувањето и ја нарушува Божјата правда; и кој бега од Божјата правда, бега од послушанието и од туѓинувањето.

            Зборувајќи ви за ова, ви го опишувам подвигот на исцеление како целосен подвиг. Потребно е сите сили на душата, и умот и волјата и желбата, да се насочат кон иста цел за да се исцелат. Целта е Богочовекот Исус Христос, заедницата и единството со Него. Само една страст на некоја од нашите душевни сили да задоволуваме, го валкаме нашето срце како нивен духовен центар и ги раслабуваме останатите сили. Ова е многу битно да го запамтите. На пример, мислите дека се воздржувате од телесни задоволства, а истовремено судите и осудувате и се превознесувате над другите – знајте дека набрзо ќе доживеете пад. Итн. Сѐ е поврзано.

            Така, ако го држиме троединиот подвиг, демонот ќе нема материјал за суштинско нарушување на нашата молитва, и нашата молитва ќе биде нерасеана; и ние континуирано ќе го чистиме срцето од страстите сѐ додека не се отвори за молитвата на умот во него. Демонот може да се обиде да изврши квантитативен напад (со разни и интензивни помисли), но не ќе може за долго, затоа што секој пат кога преку својата енергија ќе се обиде да му пријде на нашиот ум, заради синергијата на умот со Бог во молитвата, ќе се изгори од благодатта Божја и набрзо ќе се откаже. Ако го напуштиме троединиот подвиг, демонот ќе има материјал за суштинско нарушување на нашата молитва, и ние никогаш нема да влеземе во Царството Небесно, кое е внатре во нас.

            Исполнувајќи го целиот овој подвиг, значи дека нашиот живот го восогласуваме со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме (степенот на очистување), и тогаш се наоѓаме во процес на преобразување на страстите и на исцеление на сите наши сили и потенцијали, духовно растеме, и вистински и правилно Го сведочиме Христос.

Митрополит Струмички Наум


 

 Лето Господово 2011

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная