Понеделник (3 недела од постот)
Стравот Божји ја мрази неправдата (Прич.3, 13). Мразејќи ја е, тој и ја прогонува. Прогонувајќи ја, душата станува чиста и права пред Господа. А тоа е и она што сега со толку многу напор го бараме. Значи, востанови го себе стравот Божји и поддржувај го во себе, и ќе го овладееш најмоќно средство за исцелувањето на самиот себе си. Стравот од Божји нема да ти дозволи да грешиш, но ќете тера да правиш само секое добро во секој случај. И на тебе ќе се исполни заповедта: Тргни се од злото и прави добро (Пс.33, 15), која пророкот ја дава на оние кои го сакаат вистински живот. Но, како да се дојде до стравот Божји? Барајте и ќе најдете. Тука не може да се каже, "Стори го тоа и тоа." Стравот Божји е духовно чувство кое на скриен начин се зачнува во срцето од неговото обраќање кон Бога. Тука помага размислување, и помага принудувањето себе си на стекнување ( на спасоносното) чувство. Сепак, тоа е дар од Бога. Затоа, барај го како подарок и ќе ти се даде. И кога ќе ти биде даден, само слушам без поговор што ти налага, па тој ќе ги поправи сите твои неправди.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.