Вторник (3 недела од постот)
Премудрост, Бог Слово, направи на себе дом - света Црква, и во неа дотера трпеза – словото Божјо и светите тајни, посебно Светата Тајна на Телото и Крвта. И ги испрати слугите свои, светите апостоли и нивните преемници, сите да ги поканат на вечера (Прич.9 0,1-8). Многумина веќе се поканети, но сеуште продолжува повикувањето, за да се пополни сиот дом. И вечерата трае постојано. Слава на Господ Кој е толку милостив кон нас! Ајде затоа сите! Да влеземе внатре и никој да не остане зад врата. Во овие денови на постот и повиците се подзасилени и вечерата е пообилна. Меѓутоа, дотолку повеќе нам потешко ќе ни се прости доколку ќе се лишиме од вечерата. Нека секој во својот ум добро ги вреже зборовите на Мудроста: Тој што Мене ми греши, самиот на себе си прави непријатност (Прич.8, 35), и нека се жали на себе.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (08.03.2011)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: Т.К.