Скопје, 13 април 2011 год. - манастирска црква на св. вмч.Георгиј, Криви Дол
На 13 април 2011година, во шесттата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски, и преподобен Аполониј , во манастирската црква св.вмч. Георгиј во Скопје, се ослужи Литургија на Претходноосветени Дарови. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание. (Свети Силуан Атонски )
Преминпортал
Лето Господово 2011
http://preminportal.com.mk/content/view/4682/54/