Шеста недела од постот - Цветна
Многу луѓе излегоа да го поздрават Господ, кој свечено, како цар, влегувал во Ерусалим. Кој тогаш радосно не извукуваше: Осана на Синот Давидов! Но, поминаа само четири дена, и тој ист народ на тие исти јазици извикувал: "Распни, распни го!" Колку чуден престврт! Но, зошто чудење? Зарем не го правиме и ние истото, кога, по примањето на Светите Тајни на Телото и Крвта Господови, веднаш по излегувањето од црквата се забораваме - и својата побожност и Божјата милост спрема нас, предавајќи се, како и порано, на делата на самоугодувањето, најпрвин на малите, а потоа и на големите. Може ни четри дена нема да поминат, а ние самите во себе го распнуваме Господ, иако не им викаме на другите: "Распни го" И сето тоа Господ го гледа и го трпи! Слава на долготрпеливоста Твоја, Господи! (св.Теофан Затворник)
На 17 април 2011 година, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, се отслужи Божествена Златоустова Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Тајни Христови.
Преминпортал
Лето Господово 2011