Охрид, 18 maj 2011год.- Од возобновувањето на комплексот „Светиклиментов универзитет" на Плаошник во Охрид
„Возобновувањето на комплексот Светиклиментов универзитет е доказ дека делото на Свети Климент Охридски постојано ќе претставува непресушен вруток на цивилизациски пораки и вредности и ќе биде онаа невидилива сила со која ќе се исполнуваме, за да можеме во времето сегашно, почитувајќи го минатото, да создаваме вредности за подобра, похумана и поцивилизациска утрешница.“ - Паско Кузман.
Лето Господово 2010
Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник - Директорот на Управата за заштита на културното наследство-
г-дин Паско Кузман:
За Св. Климентовиот Универзитет се обидов да направам разноразни материјали, документи, да подготвам образложение итн. и проектот како таков, го образложив на Премиерот, кој со одушевување го прифати и во соодветна законска процедура проектот почна да се реализира.
Замислено е да се спои сакралното со световното, да се направи една симбиоза на времето св. Климентово, со времето на двaесет и првиот век. Симбиоза на просторот, значи да се вклопи во крајоликот на цитаделата самоiлова - Самоиловата тврдина, па Плаошник, па св. Јован Канео. Да направиме еден центар којшто ќе ги спојува сите овие елементи. Значи св. Климентовото време со дваесет и првиот век, сакралното со световното. Што значи тоа? Значи во изградениот, во возобновениот св. Климентовиот универзитет ќе има и свешtеници и монаси, бидејќи најверојатно таму ќе биде пренесен Теолошкиот факултет или средното Богословско училиште на МПЦ и други луѓе коишто ќе се занимаваат со наука.
Генерално се знае како ќе изгледа универзитетот и тоа е прифатено на првата седница на Oдборот за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет. Ќе бидат изградени објекти во кои ќе бидат сместени Теолошкиот факултет можеби, а можеби Богословијата, потоа со сигурност ќе биде сместена Галерија на икони, и еден голем библиотечен центар, бидејќи св. Климентова книжевна академија не може да се замисли без една богата библиотека.
Потоа ќе бидат сместени, изложени и заштитени старите словенски ракописи од XIII, XIV, XV век и разни други предмети пронајдени на овој простор итн. Значи тој универзитет нема да биде како сегашниве класични образовни универзитети, туку како една реминисценција на св. Климентовото време, како еден научен центар со разни додатоци. Дури планираме во позадина кадешто ќе биде изграден овој центар, да има уште еден простор на кој што ќе градат свои клонови светските универзитетски центри како на пример Колумбија Универзити со кого веќе се договараме. Па можеби понатму ќе прифати Оксфорд или Кембриџ. Целта е Плаошник да стане еден силен научен центар којшто ќе зрачи со св. Климентовиот дух, со св. Климентовата моќ.
Охрид, 8 септември 2010- Почна изградбата на „Свети Климентовит универзитет" на Плаошник (08.09.2010)
Покрај изградбата во современ научно-наставен центар, овој комплекс, како што нагласи македонскиот премиер, ќе претставува и еден вид Светиклиментов меморијален културен центар, кој ќе тежнее да ги задоволи потребите на македонскиот, но и на регионалниот образовно-научен и културен живот, во смисла на натамошен развој на хуманистичките науки, но и продуцирање на стручни кадри кои го подразбираат конзерваторскиот профил, а кои ќе бидат од особено значење во зачувувањето на нашето културно наследство.
Преминпортал
Лето Господово 2011