логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



  † СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,


ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ И ЧЕСТИТАЈЌИ ИМ ГО

ПРАЗНИКОТ ИЛИНДЕН

 

 

Возљубени чеда во Господа,

На овој голем ден, на Илинден, на денот на македонскиот непокор, прилика е и овојпат да се потсетиме на повеќевековните заложби на нашиот народ за национално и духовно воскресение. Знаеле нашите постари дека националната без духовната и духовната без националната е нецелосна слобода! Знаеле дека и секој обид, и секоја намера за национално ослободување и осамостојување, не може без духовното, не може да биде полна без благословот Божји – па, затоа, и двата најголеми историски обиди за нашата национална слобода, и оној во 1903 и оној во 1944 година, се поврзани со големиот празник Илинден, денот посветен на светиот и славен пророк Илија.

Тој обид за духовно воскресение е моментот кога преку борбата на нашите предци за слобода, се истакнува копнежот за црковна, односно духовна слобода. Во Крушевскиот манифест се вели: Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!, а, пак, за време на Втората светска војна, како и во сите ослободителни војни и востанија пред тоа, во борбите на Македонецот за ослободување учествувале и домородните свештеници, не само на фронтот, туку и во организирањето на слободната територија. Тогашното наше свештенство било ревносно и гласно во заложбите на слободните територии веднаш да се устрои црковниот живот, а за тоа имало поддршка најпрво од илинденците, а потоа и од членовите на НОБ и АСНОМ. Преку овие стремежи на домородното свештенство, се покажувала и општонародната волја. А таа волја е исконска и историска – да се возобнови Охридската Архиепископија, која отсекогаш била духовна мајка на македонскиот народ. Па штом ќе се појавеле услови за слобода, македонскиот народ веднаш почнувал со реализирањето на копнежот за обновување на Православната црква на овие простори, зашто знаел дека без Бога и без Црквата е нецелосно ослободен и слободен.

 

Возљубени во Господа,

Денешниот славеник, светиот Илија, е еден од најревносните старозаветни пророци, кој во ниту еден миг не се плашел да сведочи за верата во Единиот Бог, да опоменува при застранувањето на старозаветниот народ Божји и да го пророкува доаѓањето на ветениот Месија, Спасителот на светот – Господ Исус Христос. Уште од неговото раѓање се забележало дека ќе биде голем човек Божји, што се посведочува со видението на неговиот татко, кој кога се родил Илија, видел како ангели го повиваат со оган и му даваат да јаде пламен. Уште во младоста бил особен ревнител за чистата вера во Бога, па му се спротивставил на израелскиот цар Ахав и неговата жена Језавела, затоа што тие се поклонувале на идоли и го одвраќале народот од служењето на вистинскиот и жив Бог. Царот Ахав, наговорен од својата жена, која била Сиријка, дури изградил и храм на сириското божество Ваал и одредил многу свечености во чест на овој лажен бог. Но пророкот Илија со многу чуда ја посведочил моќта и постоењето на Едниот Бог: го „затворил” небото, па немало дожд три години и шест месеци; спуштил оган и ја запалил жртвата за Бога, а свештениците на Ваал тоа не можеле да го направат; чудесно го умножил брашното и маслото во куќата на вдовицата од Наин, на која ѝ го воскреснал и синот; на планината Хорив разговарал со Бога, а гласот Божји го слушал во вид на тивко ветре. (ИИИ Цар. 17-22 и ИВ Цар. 1-2). При крајот од својот живот, откако со наметката ја разделил реката Јордан, бил вознесен на небото со огнена кочија. Свети апостол Јован, пак, вели дека пред крајот на светот, Илија повторно ќе се јави, за да го разобличи Антихристот (Откр. 11).

Возљубени празникољупци,

Следејќи го животописот на светиот Илија, не можеме, а да не останеме вчудовидени, но и поучени од богољубието и родољубието на овој пророк. Неговата ревност во верата и неговата љубов кон Бога се инспирација за секој христијанин и за секој свештенослужител. Такви треба да бидеме како христијани – чисти во секојдневниот живот, силни во верата, непоколебливи во подвигот, нелицемерни во љубовта, ревносни во добрите дела...

Црквата е просторот којшто Господ ни го одредлил за да се спасуваме. Без Црквата ја немаме ни верата, го немаме ни спасението. Православниот христијанин е должен да ги сака и Црквата и Татковината, тие му се дадени на дар од Бога. Љубовта е основниот белег на човечкиот идентитет. Зашто љубовта кон Црквата, е и љубов кон Бога, а љубовта кон Татковината, е и љубов кон ближниот. Тие се двата основни постулати на кои почива и нашата вера: Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли (Лк. 10, 27); Возљуби го ближниот свој како себеси (Мт. 22, 39). На друго место, пак, на прашање од фарисеите, Господ Исус Христос одговара: Подајте Го царевото на царот, а Божјото на Бога (Мт. 22, 21). Значи, должни сме со почит да се однесуваме и кон Црквата и кон државата, да бидеме предани и примерни верници и граѓани. Како што ги почитуваме државните закони и прописи, без да ги менуваме или толкуваме како што сакаме, исто така треба да постапуваме и со црковните прописи и канони: да живееме според црковното предание и како што нè учи Црквата, без да додаваме и одземаме од она што било, а кое со векови е прифатено и потврдено.

 Возљубени чеда на нашата Мајка - Македонската православна црква ,

Оваа година се исполнуваат 30 години од блаженото упокојување на првиот поглавар на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, Архиепископот Доситеј и 25 години од блаженото упокојување на Архиепископот Ангелариј. Исто така, на овогодинешниот Илинден чувствуваме голема национална радост и поради одбележувањето на 20 години од независноста на нашата држава Република Македонија. Тоа е можност да се потсетиме на сопствената одлука од пред две децении за слободно и самостојно живеење, на тој своевиден септемвриски трет македонски Илинден во поновата историја на нашиот народ, со која се постигна остварувањето на државноста. Но ова одбележување е воедно и задача да не ја заборавиме цената и вредноста на слободата со сите нејзини придобивки и да го одржуваме жив споменот за настаните и сеќавањето за илјадниците борци кои со храброст и пожртвуваност придонесоа за благосостојба на Татковината, за човечко достоинство, за идеалите за слобода и правда и, конечно, отворија нова страница во нашата историја. Денес е прилика да се потсетиме и на непроценливата вредност на слободата, која и ден денес сè уште е прогонета по многу места во светот. Токму затоа од нас се очекува уште поголема одговорност кон нашето независно и слободно живеење, не заборавајќи ги жртвите од минатото. А слободата се запазува само доколку вистински се вреднува, преку сеќавање на сопствените предци и со одговорност за своите наследници, а се одржува со правичност, еднаквост, толеранција, солидарност и хармонија со сите. Та и овогодишниот спомен нека биде со почит кон минатото и со поглед кон иднината!

 

Возљубени потомци на славните илинденци ,

Илинден треба да го одбележуваме како свој духовен и морален препород и како своевиден испит пред Бога и пред нашите славни предци: комити и војводи, борци и партизани, поборници и духовници... Илинден треба да го славиме како настан што трае и секој Македонец треба да го носи во себе каде и да оди. Илинден не завршил ни во 1903, ни во 1944, ни во 1991 година. Илинден бил и останува со секој Македонец, на секое место и во секое време.

Испраќајќи ви архипастирски благослов, ве поздравуваме на овој славен ден, повикувајќи да го чуваме споменот за илиндените, постојано сеќавајќи се на жртвите положени за нашата национална и духовна слобода; да го чуваме овој слободен дел од Татковината, не заборавајќи на македонските чеда во соседните земји, кои сè уште се борат за основните човекови права; да ја чуваме Црквата наша Охридска и Македонска, да го чуваме и негуваме нашето национално и духовно единство без разлика каде и да живееме! Да го чуваме името наше македонско и сè што наследивме од нашите предци!

Нека ни е честит и вековит Илинден! Нека ни се вечни Црквата и Татковината – гарантите на нашата македонска национална и духовна слобода.

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† СТЕФАН

со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква

КИРИЛ, Митрополит Полошко - кумановски
ПЕТАР, Митрополит Преспанско - пелагониски и
администратор Австралиско - новозеландски
ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско - кичевски
НАУМ, Митрополит Струмички
АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
МЕТОДИЈ, Митрополит Американско - канадски
ПИМЕН, Митрополит Европски
ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски
КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

21/07/2025 - понеделник

+Св. великомаченик Прокопиј; Св. Прокопиј Јуродив; Преп. Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули  2025

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули 2025

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная