логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




Спомнувајќи си денес за големиот пророк Илија, ние истовремено се потсетивме и на незаборавните и славни собитија од херојското минато на нашиот народ, нераскинливо поврзани со овој небесен покровител. Еве врви 109-та година од оној херојски миг, кога нашиот народ востана, борејќи се за евангелска слобода против иноверниот поробувач, и 67-та од еден друг, не помалку значаен и славен настан, моментот во кој нашиот народ ја прогласи својата државност. Во овие мигови на сенародно веселие, оваа година славиме уште еден црковно-народен јубилеј: 170 години од осветувањето на црквата „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во с. Лазарополе. Овој храм е непорекливо сведоштво за духовната широчина на нашиот народ, кој задоен со силна вера и воспитан во евангелската наука, иако во тоа време окован во прангите на ропството, сепак бил слободен по дух и успеал да се избори за подигањето на овој храм, а притоа и раскошно да го украси. Затоа денес се собравме во големо мнозинство во прекрасното и живописно селце Лазарополе, на големиот народен собир, достојно да го прославивме, не само светиот пророк Илија, туку и делото на нашите предци, кои со натчовечка пожртвуваност се принесоа себеси во служба на Бога и на ближните. Оваа ретка и навистина величествена свеченост, устроена од црковниот одбор и Бигорското братство, беше збогатена и со присуството на Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, како и на Нивните Високопреосвештенства, митрополитите: г. Тимотеј и г. Агатангел. На торжественото богослужение во византиски мелос, ни се придружи и протопсалтот Панајотис Сомалис од Атина, голем пријател на македонскиот народ, кој ја посети нашата татковина токму на денот на нејзиниот голем национален празник. Всушност за тоа колку е значаен Илинден за сите нас кои живееме во оваа убава но со многу жртви платена татковина, не потсети и самиот архиепископ во своето послание во чест на големиот празник. „Илинден, нагласува архиепископот, треба да го одбележуваме како свој духовен и морален препород и како своевиден испит пред Бога и пред нашите славни предци: комити и војводи, борци и партизани, поборници и духовници...
 
Илинден треба да го славиме како настан што трае и секој Македонец треба да го носи во себе каде и да оди. Илинден не завршил ни во 1903, ни во 1944, ни во 1991 година. Илинден бил и останува со секој Македонец, на секое место и во секое време“. На доксологијата, пак, што следуваше веднаш по литургијата, преку словото на митрополитот Тимотеј, научивме нешто повеќе за историјата на храмот „Св. Георгиј“ и за славните подвизи на неговиот храбар градител. Имено храмот бил изграден во 1832 година, без знаење на турските власти, но неговиот ктитор – великанот ќајата Ѓурчин Кокалески, потоа издејствувал дозвола од султанот. „Огромна е заслугата на Ѓурчин Кокалески во повеќе сфери и развивања на Лазарополе – истакна митрополитот за овој голем народнополезен деец. Тој како самоук ќе се ангажира со свештеникот Мартин Димковски за организирање на првото училиште за да ги просвети, пред сѐ, своите деца, но и сите оние што изразувале желба за учење. Овој заслужен човек покажал извонредна христијанска доблест, бидејќи им помагал на сите сиромаси, како од селото, така и од пошироката околина. Тој се одликувал со голема умереност и дипломатска способност... Ѓурчин се ангажирал лазарополската црква да добие и камбана, која во 1856 пристигнува од Австрија.
Со ова, Лазарополе станало второ место во Македонија, после Бигорскиот манастир, кое се здобило со црковна камбана. Тој особено покажувал голем интерес за тоа луѓето од мијачкиот крај да не примаат ислам, а тие што примиле, пак, ги враќал во христијанство, при што особено се познати случаите во Галичник“. Така, лазарополската црква, бележита по прекрасниот животопис од познатиот македонски зограф Дичо, благодарение на Ѓурчин, била меѓу првите цркви од османлиското време која била изѕидана од камен и украсена со камбанарија. Каков светол пример за сите нас е оваа така богоугодна и родољубива дејност на нашите предци, која нам, нивните потомци јасно ни го покажува вистинскиот начин за тоа како треба да се љуби татковината и светата Црква и да се ревнува за велелепието на Божјите домови.
 
 Денешната прослава заврши со искрени желби и молитвени повици од многубројниот народ, Бог да ни ја чува нашата татковина. На многаја лета света наша татковино!
 
Известува: Бигорски манастир

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

 Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице,

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная