mepi1.jpg

На денот кога Светата Црква го слави споменот на светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар и  преподобен Патапиј, во црквата Св. Петка се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

mepi3.jpg

mepi4.jpg

mepi8.jpg

mepi5.jpg

mepi2.jpg

 mepi6.jpg

mepi7.jpg

Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот испоснички подвиг. Но таа светлина не може да се скрие. Едно момче, слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Св. Патапиј и го замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа. Ова чудо го откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот. Демонот излезе од човекот како дим, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу други чуда пројави Св. Патапиј со молитва, со името Христово и со знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното Царство во 7 век. (од Верскиот календар на МПЦ)

посети:{moshits}