zdruzenie.dostoinstvo.jpg

Скопје- 23. 12. 2007г. Домот  на АРМ

zdruzenie.dostoinstvo11.jpg

 Денес, на 23.12. 2007 година во Домот на АРМ дружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство”, орджаа  Генерално собрание . На Собранието беа презентирани и верифицирани целите и задачите на Здружението, и претставени локалните и централните претставници од ограноците во Р. Македонија..

zdruzenie.dostoinstvo2.jpg

Во преполната сала на Домот на АРМ присустваа  членови на Здружението, професионално вработени во сите единици на МВР и на АРМ, претставници на независниот синдикат на МВР, професори, лекари, пријатели и симпатизери на бранителите на Република Македонија..

zdruzenie.dostoinstvo3.jpg

zdruzenie.dostoinstvo5.jpg

zdruzenie.dostoinstvo8.jpg

zdruzenie.dostoinstvo10.jpg

zdruzenie.dostoinstvo9.jpg

 Здружението на припадници на безбедносните сили "Достоинство" е невладино и непартиско здружение на граѓани преку кое неговите членови се борат за остварување на своите права. Здружението има околу 1.600 членови, во 33 огранока низ Р.Македонија, од кои најголемиот дел се професионално вработени во АРМ (Воено воздухопловство, Единица за специјални намени - Волци, Прва механизирана пешадиска бригада - Шкорпиони, воени старешини и професионални војници) и МВР (Единица за специјални задачи - Тигар,   Единица   за  брзо   распоредување,   Посебна полициска единица, Гранична полиција, униформирана полиција) како и припадници на резервниот армиски и полициски состав.
 Членовите на Здружението се учесници во воените дејствија во Република Македонија во 2001 година, а дел во континуитет се учесници во воените мисии на АРМ во Авганистан и Ирак.

zdruzenie.dostoinstvo1.jpg
Претседателот на здружението г-дин Стојанче Ангелов ги  истакна главните  цели на „Достоинство“:

 Бидејки ниту една Влада почнувајки од 2001 година па се до денес не направи сериозни напори да излезе во пресрет на нашите проблеми и барања, Здружението самостојно ќе покрене иницијатива за собирање на 10.000 потписи на избирачи за предлагање за донесување на нов (или за дополнување на постоечкиот) Закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства.


  Основни барања на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија:
1. Да се прекинат тужбите на МВР против воените инвалиди и семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на РМ, од воените дејствија во 2001 година.
2. Да се определи праведлив надомест на нематеријална штета на воените инвалиди и на семејствата на загинатите кои сеуште не се обесштетени.
3. Вработување на неопределено време на професионалните војници на АРМ и враќање на работа на професионалните војници на кои не им се продолжени договорите за работа, а кои како припадници на безбедносните сили на РМ, учествувале во воените дејствија во 2001 година и во воените мисии надвор од територијата на Република Македонија.
4. Задржување на додатокот на плата на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија по напуштањето на единиците со кои учествувале во воените дејствија во 2001 година.
5. Ослободување од плаќање на придонесот за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување на работодавецот кој на неопределено време ќе вработи невработен припадник на безбедносните сили на РМ, учесник во воените дејствија во 2001 година.
6. Ослободување од партиципација при користење на здравствени услуги.
7. Можност за 5 години предвремено пензионирање.

zdruzenie.dostoinstvo15.jpg

Здружението „Достоинство“ ќе собере 10.000 потписи за дополнување на Законот за посебни права на безбедносните сили-учесници во конфликтот во 2001 година.
Посети: {moshits}