Битола, 16 октомври 2011- храм Рождество на Пресвета Богородица на празникот на свештеномаченик Дионисиј Ареопагит и преподобен Јован Хозевит
На 16 октомври 2011 година, во осумнаесеттата недела по Педесетница, кога се прославуваат светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит и преподобен Јован Хозевит, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Битола, Неговото Високопреосвестенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Г. Петар, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На богослужбата со своите прекрасни гласови молитви кон Бог упатија и трите храмови хора. Во краткиот разговор со отец Никола (секретар на Преспанско- пелагониската епархија), ни укажа на податокот дека при храмот постојат три хора кои го негуваат византиското пеење и тоа , женскиот- „Св. Макрина“ , детскиот хор, и машкиот хор под диригентсво на Игор Гулевски.
Преминпортал
Лето Господово 2011